Елмас нема да му ја даде седумката на Роналдо ако дојде во Наполи

Доколку се реализира најавената позајмица на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, Португалецот нема да може да го носи својот омилен број во Наполи бидејќи тој му припаѓа на нашиот Елиф Елмас.

Не е во прашање суета на македонскиот репрезентативец, кој веројатно радо би му го отстапил бројот на дрес на португалската ѕвезда, како што пред дваесетина години направи Иван Заморано кога на бразилскиот Роналдо му ја даде деветката, туку во прашање се строгите правила на Серија А.

Имено, правилата во Калчото велат дека штом еден играч влезе во записник на натпревар од Серија А со еден број, тој број мора да го носи до крајот на сезоната. Праволото не дозволува отстапки без разлика кој играч е во прашање.

Елмас сезонава беше во тимот на сите три натпревари, и тоа како резерва, а на сите влегуваше во игра во вториот дел. Седумката е негова до крајот на сезоната, освен ако до крајот на летниот преоден рок тој не си замине од Наполи. Во тој случај Роналдо може да го земе неговиот број, но тоа е малку веројатно дека ќе се случи.

Бројот 7 не само што му е омилен на Португалецот, туку од него тој изгради цел бренд препознатлив како CR7.

Засега нема ништо конкретно околу евентуалниот премин на Роналдо во Наполи, но она што го пренесоа италијанските медиуми е дека Наполи упатил доста непристојна понуда до Јунајтед која гласела позајмица, со тоа што „Црвените ѓаволи“ да му ја плаќаат целата плата на 37-годишниот напаѓач.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе