Илон Маск и група стручњаци за вештачка интелигенција и лидери во индустријата, со отворено писмо повикаа на шестмесечна пауза во развојот на системите кои се помоќни од неодамна лансираниот Open AI модел GPT-4.
Писмото кое го издаде непрофитниот институт Future of Life, а го потпишаа повеќе од 1.000 стручњаци, вклучувајќи го и Маск, повикува на пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција додека не с еимплементираат заеднички сигурносни протоколи за такви дизајни, а ги ревидираат независни стручњаци.
„Моќните AI системи треба да се развиваат дури откако ќе бидеме сигурни дека нивните ефекти ќе бидат позитивни и дека ќе може да се управува со ризиците”, стои во писмото.
Писмото исто така детално ги опишува потенцијалните ризици за општеството и цивилизацијата од страна на системите за вештачка интелигенција кои се натпреваруваат со луѓето, во облик на економски и политички пореметувања и ги повикува програмерите да соработуваат со креаторите на политиката на управувачки и регулаторни тела.
Писмото доаѓа во момент кога полициските сили на ЕУ, Еуропол, во понеделникот изразија етичка и правна загриженост поради напредната вештачка интелигенција како ChatGPT, предупредувајќи на потенцијална злоупотреба на системот во обидите за кражба на идентитет, дезинформации и сајбер криминал.
Сем Алтман, извршниот директор на Open AI не го потпишал писмото и не даде коментар.