ЕУ подготвува нови ковид правила за патување - не е важно од каде доаѓате

Европската Унија подготвува нов модел за управување со пандемијата на коронавирус за патување, што значи напуштање на пристапот „географска област на потекло на патниците“ и надминување на системот на мапи за зараза што би останале „само за информации“, објави АНСА, цитирајќи извори во италијанската влада.

Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на областа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус - потврда за вакцинација, прележан ковид или негативен тест.

За важноста на ПЦР тестовите услов останува најмногу 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа.

Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на зелената ковид пропусница, но по истекот на важноста за целосно вакцинираните и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“.

Времетраењето на пропусницата ќе се скрати од девет на шест месеци од 1 февруари, а тој рок може да биде проблем за оние кои поминале шест месеци од бустер дозата, бидејќи сѐ уште нема официјални опции за четвртата доза, според АНСА.

Според ажурираните правила, патниците кои имаат валиден сертификат за вакцинација против ковид нема да бидат подложени на дополнително тестирање или услови за самоизолација.

Сепак, врз основа на податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), земјите сепак би можеле да воведат дополнителни мерки за патниците од териториите вклучени во темноцрвената категорија, која се состои од земји длабоко погодени од коронавирусот.

Боите на мапата на ECDC ја откриваат здравствената ризична ситуација на короната, земајќи ги предвид стапките на инфекција и тестирањата во други земји, пишува Schengenvisainfo.com.

По предложените измени, мапата ќе ги земе предвид и стапките на вакцинација во другите земји.

Во таа насока, еден дипломат од ЕУ нагласи дека сѐ уште се разговара за предложените измени на картата.

Новиот план следи по предлогот на Комисијата од ноември минатата година за преземање „пристап заснован на личност“ за патување во земјите на ЕУ, што значи дека луѓето со сертификат за вакцинација против ковид, во принцип, не треба да бидат предмет на дополнителни ограничувања за патување, без разлика од каде доаѓаат во ЕУ“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе