Европската комисија сака полабави правила за субвенции за зелената индустрија

Лидерите на ЕУ се согласија да обезбедат „таргетирана, привремена и пропорционална“ поддршка за да се обезбеди иднината на Европа како производствена база за зелена технологија и да се спротивстави на американската и кинеската конкуренција, пишува Reuters.

Европската комисија предложи олабавување на правилата за државна помош за инвестиции во обновливи извори на енергија, декарбонизација на индустријата, водород и возила со нулта емисија, делумно како одговор на американскиот Закон за намалување на инфлацијата (IRA).

Овој американски закон предвидува 369 милијарди долари субвенции и даночни олеснувања за американските производители во областа на обновливите извори на енергија и чистите технологии, поради што во Европа стравуваат од бегството на компаниите во САД.

Шолц: Мора да избегнеме трка во субвенциите

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е убеден дека преговорите меѓу трансатлантските партнери треба да ја ограничат дискриминацијата на компаниите со седиште во Европа.

„Кога ја гледаме нашата конкурентност, мораме сами да си ја завршиме домашната задача и да направиме се за да немаме меѓународна трка во субвенциите“, рече Шолц по самитот на шефовите на државите на ЕУ во Брисел.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) проценува дека глобалниот пазар на зелена технологија ќе се зголеми тројно до 2030 година, на 650 милијарди долари годишно.

Европа сака дел од тој колач, но секторите кои вклучуваат производство на соларни панели, делови за турбини на ветер и батерии за возила доминираат Кина, со повеќе од 50 отсто од пазарот, пишува Reuters.

Побрзи дозволи за зелени проекти

Комисијата е подготвена да предложи законодавство што ќе ги забрза дозволите за зелени проекти, ќе го поттикне рециклирањето и ќе ги диверзифицира набавките за да ја намали зависноста од Кина.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен рече дека тие ќе бидат претставени пред следниот состанок на лидерите на ЕУ на 22 и 23 март.

Финансирањето се покажа како најконтроверзниот елемент на планот. Постои широк отпор кон заедничкото задолжување и одредена загриженост дека полабавите правила за државна помош ќе го нарушат внатрешниот пазар на ЕУ бидејќи субвенциите во двете најголеми економии, Германија и Франција, многу би ги надминале субвенциите во другите земји.

Земјите како Холандија, Ирска, Чешка и нордиските земји изразија загриженост дека тоа би можело да доведе до прекумерни нетаргетирани субвенции и тврдат дека работата за подобрување на единствениот пазар на ЕУ би била поефикасна.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Бизнис

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Read more

Паѓаат цените на нафтата, доларот зајакна

Read more

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе