Вест Хем оствари начелен договор со Манчестер Јунајтед за трансфер на популарниот дефанзивец.
„Чеканите“ минатиот месец испратија понуда од 20 милиони фунти за Хари Мегваер која беше одбиена, но сега се оптимисти за комплетирање на трансферот на играчот од Манчестер Јунајтед; личните услови не се очекува да бидат проблем, но има уште работа околу деталите за неговото заминување.
Вест Хем има начелен договор со Манчестер Јунајтед за потпишување на дефанзивецот Хари Мегваер во договор вреден околу 30 милиони фунти.
Личните услови не се очекува да бидат проблем, но има уште работа околу деталите за неговото заминување од „Олд Трафорд“.
Мегваер утринава тренираше со Манчестер Јунајтед, пред нивниот почеток на Премиер лигата против Вулвс в понеделник вечер.
Мегваер дојде во Манчестер летото 2019 година од Лестер како големо засилување. За неговите услуги беа платени дури 80 милиони фунти и во тој момент стана најскап дефанзивец во историјата. Но, никогаш не ја оправда довербата, иако беше назначен и за капитен. Бројните почетнички и комични грешки направија да биде предмет на потсмев од сопствените, но и од глобалните фудбалски фанови.
Јунајтед веќе фрли око на неколку дефанзивци, вклучувајќи го и Жан-Клер Тодибо од Ница, доколку бидат во позиција да треба да носат замена за Мегваер.
Веќе оствариле разговори со претставниците на Тодибо за да се разгледаат барањата на играчот за потенцијалниот договор.
Ерик тен Хаг изјави за Sky Sports News дека сака длабочина во тимот и конкуренција за местата за да може да се бори на сите фронтови.
„Чеканите“ исто така постигнаа договор со Саутемптон околу трансферот на играчот од средниот ред Џејмс Вард-Проус. Договорот е вреден 30 милиони фунти, исто како оној што беше одбиен минатиот месец, но со поповолни услови за плаќање за Саутемптон.
Разговорите се во тек кога договорот може да биде финализиран бидејќи се верува дека „Светците“ сакаат тој да игра викендов против Норич.
Вест Хем не сака да ризикува повреда пред толку скап трансфер и извор изјави за Sky Sports News откри дека Вард-Проус сака да направи потег што е можно поскоро, но и би сакал шанса да се збогува со навивачите на Саутемптон.
Личните услови не се очекува да бидат проблем.