FarmBot, робот кој се грижи за вашата градина
Проектот FarmBot Genesis овозможува несекојдневна прилика, одгледување на сопствена храна со помош на робот кој ќе ја прави целата работа за вас. Ваше е да одберете што ќе одгледувате во домашната градина, а за другото ќе се погрижи роботот.
FarmBot е машина која се грижи за вашата градина во текот на целиот ден. Проектот се развиваше неколку години, а наскоро ќе биде реалност за сите вљубеници во градинарството.