УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Фавр бесен на пеналот за Лацио: Се фрли како во базен

Швајцарскиот стратег верува дека неговиот тим е оштетен со непостоечки пенал со кој Лацио дојде до бод во Дортмунд.

Борусија синоќа поведе со голот на Рафаел Герејру на минута пред паузата, но во 67. минута Чиро Имобиле израмни со гол од белата точка. Главниот судија оцени дека Нико Шулц стартувал недозволено над Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а од ВАР не реагираа со поинакво мислење.

На таквата одлука е бесен домашниот тренер Лусјан Фавр кој дури и го обвини српскиот фудбалер дека одглумил пенал како како се фрла во базен.

„Имавме шанси за втор гол, а потоа примивме гол од непотребен пенал, кој не ни постоеше“, рече Фавр.

„Неверојатно е. Ова е театар, па тој се однесуваше како да се фрла во базен. Претера. Како и да е, се пласиравме во наредната фаза. Тоа најважното“.

На коло до крајот Борусија има 10 бодови, еден повеќе од Лацио и три од Бриж, но си го завери пласманот во осминафиналето бидејќи во последното коло игра со елиминираниот Зенит, додека Лацио и Бриж меѓусебе ќе решаваат кој ќе биде вториот патник. Згора на тоа, Борусија има и подобар меѓусебен скор со Бриж.

реклама

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе