ФБИ разоткри инфлуенсерка: Им испраќала делови за оружје на Русите, заработила милиони

Макфакс
/ 16.02.2024 / 15:24

Канадско-руска државјанка во понеделникот пред американскиот суд се изјасни за виновна за перење пари во мултимилионска шема за испраќање делови за беспилотни летала и проектили во Русија.

Instagram профилот на 32-годишната Кристина Пузирева е полн со кадри кои може да се видат кај многу инфлуенсери што патуваат низ целиот светот. На една фотографија позира пред бали со сено, на друга држи маж за рака, на трета вежба јога среде прекрасна природа.

Но, она што е невообичаено е контекстот. Зад фотографиите стоела жена, која испраќала американска електроника вредна милиони долари во Русија за да може да се користи за време на инвазијата на Украина.

„Кристина Пузирева и другите обвинети наводно купиле и испорачале електроника во вредност од милиони долари од САД во Русија за да ја поддржат инвазијата на Украина. Нивното перење пари е директно поврзано со 298 пратки со ограничена технологија, во вредност од 7 милиони долари, до руската линија на фронтот“, рече Ерин Киган, специјален агент задолжен за истрагата.

Чиповите се од големо значење за секоја војска, а за време на војната во Украина, Русија потроши огромни количини од резервите на проектили, беспилотни летала и друга муниција. Иако по инвазијата на Украина, САД воведоа санкции кон Русија и го ограничија извозот во таа земја, руското оружје сепак содржеше неодамна произведени американски полуспроводници. Случајот со Пузирева покажува како некои од нив стигнале до руската војска.

Пузирева и нејзиниот сопруг Николај Голвец живееле во Монтреал, Канада, и имале бизнис со Салимџон Насридинов од Бруклин. Според американското Министерство за правда, двојката летала за Њујорк од Канада, купувала електроника преку лажни компании и потоа ја испраќала во Русија. Многу од испратените делови имале сериски броеви, што го олеснило поврзувањето на деловите и пратките со обвинетите.

Тројката беше уапсена на крајот на октомври 2023 година. Според ФБИ, Пузирева и нејзиниот сопруг заработиле голема сума пари за време на оваа шема. Според судските документи, таа еднаш се пожалила дека мора да отвори 80 сметки за да складира 3 милиони долари. „Веќе ме болат прстите од лаптопот“, ѝ пишува Голвец на Пузирева во 2023 година.

Неколку недели пред апсењето на Instagram профилот на Пузирева можеа да се видат фотографии од среќната двојка како патува низ светот. На една од низата фотографии Пузирева позира пред црква во Бергамо, Италија.

Во селфи објавено на 22 јуни 2022 година, истиот ден кога седум руски проектили паднаа врз украинскиот град Миколаев, таа позира во трговски центар. Пузирева ја призна вината, но сè уште не е осудена. Нејзиниот сопруг и Насридинов сè уште чекаат судење.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Свет

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Read more

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Read more

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Read more

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more
 

Вести

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Читај повеќе

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Читај повеќе

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Читај повеќе