Ферари го претстави хиперавтомобилот 499P Le Mans

После долго чекање Ferrari конечно го претстави својот нов Le Mans хиперавтомобил кој ќе се натпреварува наредната година во Светскиот шампионат за издржливост на ФИА.

Тимот од Маранело го одбра името 499P кое ја следи номенклатурата која се користи со децении. Бројот 499 се однесува на запремнината во кубни сантиметри кај секој цилиндар, додека латиничната буква P претставува прототип. Во срцето на електрифицираниот хиперавтомобил на Ферари се наоѓа 3,0-литарски мотор со два турбополнача.

Од Ферари истакнаа дека моторот е структурно поинаков од оној во моделот 296 GTB/GT3, како и дека V6 бил избран затоа што е лесен и компактен. Развива 680 КС и соработува со електричен мотор поставен напред кој испорачува 272 КС. Се напојува од 900-волтна батерија од Формула 1, која се полни со успорување и кочење. Погонот е спарен со 7-степен секвенцијален менувач.

Хиперавтомобилот беше претставен во Имола, неговиот дизајн има карактеристики на моделот Deytona SP3, а го краси црвена боја со жолти детали како моделот 312PB од 70-тите години на минатиот век. Два автомобила ќе носат броеви 50 и 51, со тоа што првиот претставува одбележување на половина век натпреварување на Ферари на Ле Ман, додека другиот бил користен и низ историјата за тркачките автомобили на Ферари.

Ferrari 499P Le Mans на тестирањата со два прототипа помина над 12.000 километри и до крајот на годинава ќе биде потполно хомологиран. Неговото деби се очекува кон средината на март наредната 2023 година на трката Sebring 1000 Miles на Флорида, САД.

Тагови
реклама

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе