Фернандеш: Милан и Јунајтед се исти

Португалскиот пеналџија смета дека Милан и неговиот Манчестер Јунајтед минале низ слична фаза на транзиција, но и потенцира дека се враќаат на победничките патеки.

Девет години откако Бруну Фернандеш дојде во Новара за 40 илјади евра летото 2012 година, играчот од средниот ред сега е едно е најголемите имиња во Премиер лигата бранејќи ги боите на Манчестер Јунајтед.

Во Новара остана само една сезона бидејќи веднаш беше приметен од Удинезе каде остана три сезони, а потоа отиде во Сампдорија каде го виде крајот за него во Серија А.

„Во Италија не се снајдов бидејќи играњето како офанзивец од средниот ред не е лесна работа во Калчото“, вели Фернандеш во интервју за La Gazzetta dello Sport.

Ферандеш во дресот на Удинезе

Како некој што играл во Серија А и во Премиер лигата, веродостоен е за да направи споредба на двете лиги.

„Во Премиер лигата има многу поголем интензитет во играта. Помалите клубови имаат квалитет и можат да одиграта добро против поголемите. Во Италија тактиката е законот во фудбалот“, смета тој.

Направи и споредба помеѓу Милан и неговиот Манчестер Јунајтед за кој игра од јануари лани кога дојде од редовите на Спортинг, клуб кој му послужи да си ја рестартира кариерата по лошата авантура во Сампдорија.

„Според многу аспекти, ние и Милан сме исти. Два клуба со престижно минато, со 10 трофеи во Лигата на шампионите, двата имаме поминато низ фаза на транзиција, но се враќаме на врвот“.

„На почетокот од сезоната никој не мислеше дека Милан може да се бори за Скудетото. Сега сме март, а тие се втори. Играат добро, имаат интересни млади играчи, а Ибрахимовиќ му додава цврстина на тимот“, завршува Фернандеш.

реклама

Силен земјотрес во Турција

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Како изгледа планот на Трамп: Крим оди во Русија, Украина (можеби) во ЕУ

Read more

Фудбал

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Read more

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс израмнија против Минесота, Дончиќ на прагот на трипл-дабл

Читај повеќе

Димитријевиќ го напушта Милано?

Читај повеќе

Серија А ги одложи саботните натпревари поради погребот на папата Франциск

Читај повеќе