Филипче: Ситуацијата со COVID-19 е стабилна и под контрола

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ситуацијата со COVID-19 е стабилна зашто подолго време, од вкупно направените тестови, позитивни се околу 10 до 15 проценти, а со тестирањата се откриваат голем број асимптоматски случаи.

Во изјава за телевизија „Телма“, Филипче нагласи дека кадарот е добро организиран со системот на ротација на лекарите и медицинските сестри од одделенијата за интерна медицина во одделенијата за инфектологија. Болниците, вели Филипче, имаат доволно капацитет со оглед на процентот на хоспитализирани пациенти, а наскоро се очекува да почне со редовно работење и ГОБ „8 Септември“. Од следната недела се очекува да почне и распоредувањето на пациентите од ГОБ „8 Септември“ на Инфективната клиника.

– Овој начин на пристап, во однос на индикацијата за тестирање, а тоа е тестирање на сите кои имаат симптоми, меѓутоа и лицата кои се контакти и имаат исклучително висок ризик, е добра стратегија што треба да продолжи, заради тоа што се откриваат огромен број асимптоматски носители и со тоа се ставаат во изолација. На тој начин се спречува ширењето на инфекцијата. Еден од најдобрите индикатори како е сега ситуацијата е капацитетот во болниците – има сосем доволно слободни кревети на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Ние планираме веќе од следната недела да почне и распоредување на пациентите од ГОБ „8 септември“ на Инфективната клиника, имајќи предвид дека таму има сосем доволно слободни кревети, а целосно е празна и модуларната болница, за да почне редовниот програм во ГОБ „8 Септември“, пред сè во делот на ортопедијата, истакна Филипче, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

За подготовките за есенскиот бран којшто се очекува, Филипче рече дека е направен план за дополнување на капацитетите во сите општи и клинички болници низ државата со цел да се направат мини инфективни одделенија по примерот на модуларната болница во Скопје за да може во болниците да се третираат пациентите со вообичаена патологија.

– Овие инфективни одделенија ќе ги третираат пациентите заболени од COVID-19. Физички се одделени, затоа што тоа се сепак пациенти на кои им се потребни и посебни услови, појасни Филипче.

Во текот на следната недела проектот ќе биде презентиран пред јавноста, а веќе утре на состанок пред претставници на Светска банка ќе бидат образложени сите аспекти на проектот.

– Во текот на утрешниот ден имаме работен состанок на кој пред експерти на Светска банка ќе ги образложиме сите аспекти на овој проект кој подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата во смисла на болнички кревети и на лаборатории. Тоа подразбира секоја болница да има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати кои ќе бидат готови за 45 минути. Секако тука е и планот за распределување на младите лекари, кои добија лиценци за работа и покажаа интерес да работат со овие пациенти. Така што сметам дека ова е еден модел којшто ќе даде одлични резултати, изјави Филипче за „Телма“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе