Филипче: Вакцината за COVID-19 нема да биде задолжителна

Министерот за здравство Венко Филипче потенцира дека тогаш кога вакцината за COVID-19 ќе биде достапна кај нас таа нема да биде задолжителна, но посочи дека тој и неговото семејство ќе се вакцинираат.

– Вакцината рече Филипче, се развива на безбедна платформа. Таа сега е во трета фаза на испитување, се виде дека дава антитела, но мора да се почека да се види колку ќе траат тие за да се знае дали ќе треба една или две дози.

– Вакцината не е во календар и нема да биде задолжителна, барем не на почеток. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, кои ќе бидат препораките, рече Филипче во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Но, како што рече, многу е битно да се види дека дури сега сите сфаќаат колку е битно да има вакцина за некое заболување. Поради постоење вакцина кај нас за само шест месеци се заврши епидемијата на морбили, а сега за COVID-19 никој нема таков инструмент и затоа пандемијата не може да заврши.

– За пристап до вакцината за коронавирусот, како што рече, постојат два механизма. Едниот преку СЗО механизмот наречен КОВАКС, преку кој оваа организација се обврза еднакво да дистрибуира вакцина до сите земји сѐ додека не се вакцинира 20 посто од населението.

Вториот механизам земјава да дојде до вакцина, рече, е преку ЕУ. Оксфордската вакцина, потенцира, која се очекува да ја произведува AstraZeneca, земјава ќе може да ја добие преку поласката амбасада која ни дала понуда да купиме одреден број дози од тие кои ќе им бидат доделени ним. Реалните очекувања, според Филипче, се вакцината да биде достапна на почетокот на 2021 година.

Како друг начин на заштита пред претстојниот есенски период кога се очекуваат и настинки, сезонски грип и други инфекции, министерот Филипче посочи дека испланирале за годинава да бидат обезбедени двојно повеќе дози од лани. Така годинава ќе има достапни бесплатни 60 илјади дози вакцини за сезонски грип.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе