Пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром

На свечен настан, вчера во Општина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар. На настанот присуствуваше и се обрати градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, како иницијатор на оваа активност за поддршка на фудбалскиот клуб.

Тој во своето обраќање потенцираше дека ветувањето за поддршка и враќање на Вардар на старите патеки, стана реалност и со тоа Општина Аеродром стана првата општина во Скопје која дава директна поддршка за „црвено-црниот“ клуб кој е национална гордост на Македонија.


„Вардар, Комити и младите фудбалски таленти отсега имаат свој дом во Аеродром и со ова Аеродром е првата општина во Скопје која дава поддршка за црвено – црните, клубот кој е национална и спортска гордост на Македонија“, истакна Муцунски.


Станува збор за целосно обновен спортски терен чија реконструкција опфаќа нова тревна подлога, системи за одржување и наводнување, ново осветлување и целосна реконструкција на соблекувалните. Проектот го реализираше Општина Аеродром со поддршка на приватниот сектор.


Градоначалникот Муцунски се заблагодари за претседателот на советот Дејан Митески, фудбалскиот клуб Вардар и навивачката група Комити за својот придонес и поддршка за реализација на оваа идеја која е од големо значење за фановите, клубот и генерално за спортот во Македонија.

На самиот крај тој нагласи дека вистинско задоволство е во присуство на фановите на Вардар, поранешните и актуелни играчи, како и младите таленти, да се отвори новото спортско игралиште каде ќе продолжи да се испишува на историја на клубот и да се градат идните национални фудбалски таленти.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Фудбал

Проблем за Англичаните: Деклан Рајс во изолација, заразен со вирус

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Барса зема заем од 210 милиони евра за да купи нови играчи

Read more

Мбапе промаши пенал и „откачи“ на судијата. Халанд го поддржа

Read more

Спорт

Проблем за Англичаните: Деклан Рајс во изолација, заразен со вирус

Читај повеќе

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Читај повеќе

Барса зема заем од 210 милиони евра за да купи нови играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе промаши пенал и „откачи“ на судијата. Халанд го поддржа

Читај повеќе

Ериксен се враќа во фудбалот, експертите го предупредуваат 

Читај повеќе

ФИФА со специјални VAR мерки за натпреварот Франција-Мароко

Читај повеќе

VAR ќе проверува корнери и втори жолти картони во Серија А

Читај повеќе

Мбапе може да биде екстрадиран во Парагвај за клевета 

Читај повеќе

На кои судии може да им биде забрането да судат на финалето на СП од политички причини?

Читај повеќе