Фудбалер на Јуве: Должам 3 милиони евра, лихвари сакаат да ми ги скршат нозете

Играчот од средниот ред на Јувентус, Николò Фаџоли (22), кој прв беше откриен дека е вмешан во голем скандал со обложување во италијанскиот фудбал, најверојатно ќе биде суспендиран на минимум седум месеци.

Некои италијански медиуми пишуваат дека Фаџоли би можело да биде суспендиран на една година. Откако сè стана јавно, тој ја раскажа својата приказна на суд. Тој призна дека неговите долгови пораснале на околу 3 милиони евра. Фаџоли во Јувентус заработува околу 1,8 милиони евра годишно.

„Најлошиот период го имав помеѓу март и април 2023 година, кога бев толку под стрес и исплашен што на натпреварот помеѓу Сасуоло и Јувентус направив грешка, по што бев заменет. Штом излегов од теренот почнав да плачам пред на камерите, размислувајќи за моите проблеми поврзани со коцкарските долгови. Прецизирам дека престанав да се обложувам и дека немам намера повторно да го правам тоа“.

„Позајмував пари од моите соиграчи“

„Сакам да истакнам дека мојата намера е да ги отплатам сите кредити што ги подигнав од моите пријатели кои не ги знаеја вистинските причини зошто ги позајмив парите. Барав позајмици за да платам долгови за коцкање и затоа решив да побарам пари од некои пријатели, од кои побарав 40.000 евра, велејќи дека ми требаат за еден час и дека мајка ми ми ги блокирала сметките“.

„Федерико Гати (соиграч од Јувентус) ми позајми пари кои сè уште не сум ги вратил и тој сè уште ги бара назад. Раду Драгушин (играч од Џеноа) и некои пријатели од Пјаченца ми позајмија повеќе пари. Никогаш не сум разговарал за моето обложување со раководството на Јувентус, играчите или тренерите бидејќи не верував никому. Исто така, не се обложував на Јувентус или Кремонезе“.

„Веќе натрупав огромен долг од 250.000 евра во септември 2022 година и почна притисокот од сопствениците на нелегални сајтови, кои ме тераа да ги враќам парите. Колку-толку барем дел од тие пари да враќам. Купив вредни часовници во златарница. Плаќав со банкарски трансфер и неколку пати им ги доставував часовниците“.

„Не спиев ноќе“

„Не спиев ноќе. Колку повеќе минуваше времето, толку повеќе ме прогонуваше долгот. Парите што требаше да ги вратам постојано се зголемуваа. Лихварите ми рекоа дека ќе ми ги скршат нозете. Се обложував на фудбалски натпревари и тенис. Почнав во летото 2021 година. Не се прашував дали тие страници се легални или не. Беше забавно. Од јануари 2022 година, бев под стрес со акумулирани долгови.

Прво се обложуваш затоа што имаш многу слободно време. Тренираш наутро, а потоа се обложуваш да ја убиеш досадата. Сандро Тонали ми предложи да играм на нелегален сајт. Го видов како игра и го прашав што прави. Ми рече дека можам и јас затоа што нема трага од обложувањето. И ме натера да се пријавам на тој сајт. Прво игравме на тенис, а потоа на фудбал“.

Некои други играчи исто така се во неволја

Да потсетиме, Фаџоли неодамна призна дека се обложил на фудбалски натпревари. На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска федерација, УЕФА и ФИФА и им е забрането да ставаат облози директно или индиректно. Сандро Тонали (23) и Николò Ѕаниоло (24), италијански репрезентативци и играчи на англиските клубови Њукасл и Астон Вила, се во центарот на аферата заедно со Фаџоли.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Фудбал

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more
 

Спорт

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе