Германски судија со лакт удри играч на Карлсруе во среде натпревар

Необична сцена видовме на вчерашниот натпревар од 2.Бундеслига меѓу Карлсруе и Дармштад, а во главна улога беа судијата Александер Затер и домашниот играч Паул Небел.

Главниот судија на натпреварот, Затер, досуди офсајд во 25. минута. Почна да ја крева раката и во тој момент Небел истрча покрај него. Играчот од средниот ред на Карлсруе беше невнимателен и Затер го нокаутираше со ненамерен лакт.

За среќа на Небел, тој остана неповреден и по укажаната лекарска помош ја продолжи играта. Ситуацијата можете да ја видите во 58. секунда од извештајот за натпреварот.

Инаку, натпреварот по пресврт заврши со победа на гостите. Карлсруе поведе во 19. минута преку Шлојзенер, а во 49-тата Фајфер израмни на 1:1. Конечните 2:1 за Дармштад ги постави Тиц на две минути пред крајот за големото славје на гостите.

реклама

Фудбал

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе