Гил и Булдог ќе гостуваат во втората сезона од новиот Frasier

Уште два лекендарни ликови од оригиналната серија „Frasier“ се враќаат: Ден Батлер, кој го играше Булдог - спортскиот водител на радио станицата каде работеше Фрејжр во оригиналната серија - ќе ја посети 2. сезона на оживеаната серија на Paramount+, како и Едвард Хиберт, кој го играше Гил Честертон во оригиналот.

Батлер беше присутен во текот на целата серија „Frasier“ како Боб „Булдог“ Бриско; неговите други улоги ги вклучуваат оние во „Hey Arnold!“ и неодамнешните гостувања во „The Blacklist“, „Elementary“, „Blue Bloods“, „Grace and Frankie“ и „Search Party“.

„Ден Батлер и Едвард Хиберт дадоа неизбришлив придонес за телевизијата, и пресреќен сум што можам да им посакам добредојде назад во 'Frasier' и за можноста да соработуваме уште еднаш“, рече ѕвездата на серијата и извршен продуцент, Келси Грамер.

„Frasier“ се наоѓа на средина на продукцијата на 2. сезона во Paramount Studios во Лос Анџелес. Покрај Грамер, кој се врати во насловната улога, во серијата глумат и Џек Катмор-Скот како Фреди, синот на Фрејжр; Николас Линдхрст како Алан, стариот пријател на Фрејжр од колеџ кој станал универзитетски професор; Токс Олагундоје како Оливија, колешка на Алан и шеф на одделот за психологија на Универзитетот; Џес Салгејро како Ив, сосетката на Фрејжр и Фреди; и Андерс Кит како Дејвид, внукот на Фрејжр од брат му Најлс и Дафни.

Батлер и Хиберт и се придружија на Пери Гилпин како оригинални ликови кои се вратија за да се појават во оживувањето на серијата. Гилпин се враќа оваа сезона за да ја повтори улогата на поранешниот радио продуцент на Фрејжр, Роз Дојл, како што беше во текот на оригиналната серија од 1993 до 2004 година. (Гилпин, исто така, се појави во финалето на првфата сезона од новата серија.)

Ејми Седарис треба да се појави како д-р „Док“ Статос, опишана како „општински терапевт со расфрлан фурнир дома. Работи со пожарникарите во станицата на Фреди и исто така е голем, ГОЛЕМ обожавател на Фрејжр Крејн од неговото старо ТВ-шоу“. Тука е и Патриша Хитон која ќе го игра ликот на Холи.

Исто така, Ивет Никол Браун потпиша да се појавува како Моника, сестрата на Оливија. Опишана како „полу надмена професорка, полу Ненси Дру, брилијантната, грижлива и прекрасно безизразна Моника е совршената постара сестра на Оливија. Таа има сè што има Оливија и сè што Оливија сака - и никогаш не пропушта шанса да ја потсети“.

И како што прво објави Variety, ќерката на Келси Грамер, Грир, ќе ја игра Алис, ќерката на Роз, опишана како „сега во доцните 20-ти години, пријателската, дружељубива Алис наследила повеќе од некои од слободоумните начини на нејзината мајка Роз. Штотуку се преселила во Провиденс за да студира архитектура, Алис е желна да го освои синот на Фрејжр, Фреди - и да ги искомплицира било каквите романтични планови што тој ги има“.

Џејмс Бароус се враќа да режира две епизоди во втората сезона. Заживувањето на „Frasier“ доаѓа од извршните продуценти Крис Харис и Џо Кристали, како и од Келси Грамер, Том Русо и Џордан МекМахон. Серијата доаѓа од CBS Studios во соработка со Grammnet NH Productions на Грамер.

Засега не е познато кога втората сезона ќе биде емитувана. Првата од новата серија се емитуваше во октомври 2023 и имаше само 10 епизоди.

Тагови
реклама

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Read more

Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Филм & ТВ

Искрен трејлер за Beverly Hills Cop

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Фановите загрижени за Џони Деп откако беше снимен во јавност

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Beverly Hills Cop

Читај повеќе

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Читај повеќе

Концерт „Најдоброто од Копров” на Скопско лето

Читај повеќе
  • filter

Фановите загрижени за Џони Деп откако беше снимен во јавност

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Гил и Булдог ќе гостуваат во втората сезона од новиот Frasier

Читај повеќе

Бившата на Чарли Шин е поврзана со смртта на Метју Пери

Читај повеќе

Мајкл Џексон остави долг од 500 милиони долари

Читај повеќе
  • play_arrow

По апсењето на Тимберлејк, Џесика Бил фотографирана без бурмата

Читај повеќе