Новак Ѓоковиќ на Јунајтед купот во Перт го победи Јиржи Лехечка, но ги загрижи своите фанови пред почетокот на Австралија опен.
Ѓоковиќ во текот на мечот двапати бараше медицинска помош. Најдобриот во светот има проблем со зглобот на десната рака.
На крајот тој славеше во три сета (6:1, 6:7, 6:1), но реши да не игра во микс-дублот против Чешка.
„Не изгледа добро, но успеав да победам. Не е прв ниту последен пат да се случуваат такви работи. Мора да се најде решение. Ќе видиме што ќе се случи понатаму”, изјави Ѓоковиќ.