Google го претстави смартфонот Pixel 6a

Google го претстави Google Pixel 6a, најпристапниот модел во серијата Pixel 6.

Pixel 6a чини 449 долари, исто како што беше случајот со неговиот претходник Pixel 5a. Смартфонот доаѓа со 6,1-инчен OLED екран со резолуција од 2.400 x 1.080 p фреквенција на освежување од 60 Hz, за разлика од моделите Pixel 6 и Pixel 6 Pro со 90 односно 120 Hz.

Дизајнот на телефонот е многу сличен на останатите членови од серијата и исто така има алуминиумска рамка, меѓутоа предното стакло не е Gorilla Glass Victus, туку Gorilla Glass 3. Исто така, задниот дел на уредот е изработен од пластика. Покрај тоа, Pixel 6a е отпорен на вода и прашина според стандардот IP67, додека поскапите модели се со IP68 сертификат.

Уредот работи со процесорот Google Tensor како и другите два модела, а тука е и безбедносниот чип Titan M2. Pixel 6a доби 6GB LPDDR5 RAM и 128GB UFS 3.1 меморија.

Назад е нова главна камера од 12,2 MP f1.7 dual-pixel со оптичка стабилизација на сликата, а исто така има и ултра широка камера од 12 MP f2.2. Напред се наоѓа камера од 8 MP (f2.0).

Смартфонот поддржува 5G мрежа, има секогаш вклучен екран, сензор за отпечатоци интегриран во екранот, стерео звучници, два микрофона и HDR поддршка. Го користи оперативниот систем Android 12 со гаранција за безбедносни надградби во период од 5 години.

Pixel 6a се напојува со батерија од 4.410 mAh која овозможува 24-часовна употреба и 72 часа работа во новиот режим на Extreme Battery Saver. Поддржува 18 W USB-PD брзо полнење, но не и безжично.

Мобилниот ќе биде достапен во боите на Chalk, Charcoal и Sage, онлајн продажбата ќе започне на 21 јули, додека во продавниците ќе пристигне на 28 јули.

Pixel 6a ќе биде достапен во Австралија, Канада, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јапонија, Порторико, Сингапур, Шпанија, Тајван, Обединетото Кралство и САД.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Мобилни

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе