Градинарски совети: До доматите посадете босилок или невен

Доматите и босилокот се одлична комбинација, не само во салата, туку и во градината. Босилокот ги отфрла штетниците кои ги напаѓаат доматите, ја зајакнува отпорноста на растителните болести и го зголемува приносот на доматите.

До секој саден домат пожелно е да се засадат три садници босилок. Ако редовно ги берете врвовите на босилокот, тие ќе се разгранат и ќе создадат повеќе ароматични лисја и нема да процветаат предвреме.

Според искуствата на органските градинари, и невенот делува како природна заштита на доматите и го подобрува приносот. Невенот е исто така лековито растение. Добар сосед на доматите е и лукот, кој ги одбива штетниците наречени црвен пајак (грини).

До доматите, добро е да се засади низок грав или црн азуки грав затоа што мешунките го фиксираат азотот во почвата и го прават достапен за корените на доматите, со што служат како природно ѓубриво. Високиот грав и грашокот не треба да се садат покрај доматите бидејќи може да се заплеткаат околу нив и да ги задушат. Морковите имаат поволен ефект врз доматите, но засадени под нив ќе создадат помали корени.

Она што никогаш не треба да го садите покрај доматите се компирите, краставиците и анасонот, бидејќи ексудатите од нивните корени негативно влијаат на растот на доматите.

Доматите се подложни на слични болести како компирот и пченката, затоа тие растенија треба да се садат далеку.

Доматите не треба да се садат во близина на пиперки бидејќи овие растенија се натпреваруваат за хранливи материи од почвата. Под доматите е добро да се засадат и зелена салата, цикорија, келераба, ротквица, спанаќ, магдонос, праз или зелка - така подобро се користи просторот околу доматите кои растат во висина.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Живот

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе