Градоначалникот на Битолa на распит во суд

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, во понеделник е во Основниот суд Скопје 1 каде што треба да даде исказ како осомничен во случајот „Транспортер“, што против него го покрена Специјалното јавно обвинителство, потврдија од судот за „Макфакс“.

Предметот „Транспортер“ го отвори Специјалното јавно обвинителство поради сомневање за незаконски тендери при организирање на транспортот на учениците од училиштата во регионот на Битола.

Талески е првоосомничен во овој случај на Специјалното јавно обвинителство, а покрај него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице.

Обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека овој предмет беше преземен од ОЈО Битола кој ја почна предистражната постапка и имало вешт наод од општината за јавните набавки, а токму врз основа на нив ова обвинителство стекнало основано сомнение дека штетни финансиски последици во овој случај се направени врз буџетот на Македонија, а со тоа и врз сите граѓани.

Во договор со директорите на средните и основните училишта во Битола, како „Јован Калаузи“, „Таки Даскало“, „Кузман Шапкарев“ и други, и превозниците Херо турс, Транскоп Битола, Џем турс, Боби турс, Хера транс, Лука транс и други, направена е  вкупна штета 22.240.891 денари или околу 360.000 евра за само две учебни години.

Таа додаде дека се направени 81 дејствие спротивни на Закон за јавни набавки, Закон за  основно образование, Закон за средно образование, во кои се вмешани повеќе лица, а две лица се константни ученици во сите дела а тоа се, како што рече Фетаи, помилуваниот градоначалник на Битола и претседателот на Комисијата за јавни набавки кое има книговодствено биро кое води книговодство на дел од превозниците.

Осомничените се товарат дека изработувале фактури со суми многу повисоки од договорените, а тие биле одобрени од директорите на училиштата. Наплатата била направена  во 2012 до 2014 најчесто преку цесии оти им биле блокирани сметките поради неплатен превоз.

Фетаи појасни дека за дел од учесниците во злоупотребата на службената положба ќе побараат притвор, а за дел процена на имотот на учесниците, а од тоа не може да биде аболиран ни градоначалникот.

Битолскиот градоначалник е дел од групата политичари и нивни соработници, за кои, по целосното поништување на аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, СЈО побара да им бидат одредени мерки за обезбедување присуство, поради кривичните постапки што се отворени против нив.

Специјалното јавно обвинителство од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор.

Во петокот минатата недела, на распит пред судија на претходна постапка беа поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, кои се осомничени за случајот „ТНТ“, односно за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Судијата на осомничените не им одреди мерки на претпазливост, како што бараше СЈО.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе