Грците се борат за ослободување на плажите - бараат да се тргнат лежалките

Грчкиот брег, некогаш познат по отворениот простор каде што сакате да положите пешкир, сега е преполн со чадори и лежалки, кои често се протегаат до самата вода, поради што граѓаните и активистите започнаа борба за ослободување на плажите.

Грција дозволува давање под закуп, но само делови од плажите, додека Уставот гарантира бесплатен јавен пристап до плажите. Сепак, сопствениците на локалите ја поминале границата и на многу популарни дестинации толку густо поставиле лежалки и чадори што нема место ниту за пешкир, пишува N1.

Поради ова почна бунт низ целата земја, а граѓаните бараат да се почитува законот и плажите да бидат достапни за сите.

Првата победа ја извојуваа жителите на островот Парос, кои избркаа закупец од дел од плажата.

На островот Наксос тројца бизнисмени се изведени пред суд поради узурпирање на плажата. Имено, тие без дозвола поставиле десетици чадори и лежалки на неколку плажи на само неколку метри од брегот.

Инспекцијата претходно реагирала на поплаките на граѓаните и ги отстранила лежалките и чадорите, кои повторно се појавиле веднаш штом инспекторите го напуштиле островот.

Министерот за национална економија и финансии, Костис Хаѕидакис, изјави дека нема да се толерира самоволно окупирање на плажите.

„Очигледно, некои луѓе не разбраа дека контролите, кои ќе продолжат и ќе се интензивираат, не се прават од комуникациски причини, туку од суштински причини, а тоа е да им се овозможи на граѓаните пристап до плажите, да се зачува имиџот на грчкиот туризам и да се заштити јавниот интерес. Владата има волја и моќ да го спроведува законот и тоа ќе го прави секаде каде што е потребно. Повторувам дека нема да се откажеме“, рече грчкиот министер.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Стигнуваат реакции за трагедијата во Кочани, МВР потврди дека има приведени

Read more

Црн ден за Македонија: 51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани

Read more

Регион

Дали српската полиција употреби звучен топ на вчерашните протести во Белград?

Read more

Автомобил удри во граѓани кои оделе на протест во Белград, има повредени

Read more

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Read more

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Read more
 

Вести

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Читај повеќе

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Читај повеќе

Обвинителскиот тим за пожарот во Кочани е проширен

Читај повеќе

Двајца пациенти се на респиратор, некои се со 60 отсто изгореници

Читај повеќе

Повеќето од починатите загинале во стампедото во дискотеката

Читај повеќе

Европските земји разговараат за воведување воен рок

Читај повеќе

Ќе биде прогласена 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали српската полиција употреби звучен топ на вчерашните протести во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Читај повеќе