Груевски и Мијалков на црната листа на САД

Американскиот Стејт департментот ги стави на црната листа за патување поранешниот премиер на Република Северна Македонија Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, како и нивните потесни семејства.

Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот ги презел овие активности поради нивна вмешаност во значителна корупција. „Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, појаснува Стејт департментот.

Во соопштението се истакнува дека во својство на премиер, Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.

„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.

Што се однесува до Мијалков, за него се истакнува дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Според соопштението, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори. Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.

Забраната за влез во САД се однесува и на потесните семејства на Груевски и Мијалков.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе