Група од 24 светски научници бараат нова истрага за потеклото на COVID-19

Заедничкото истражување на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) за потеклото на коронавирусот не даде веродостојни одговори за тоа како почна пандемијата и потребни се поригорозни истражувања, со или без Пекинг, соопштија  група меѓународни научници и истражувачи.

Во заедничката студија, објавена минатата недела, се наведува дека најверојатната патека на пренесување на вирусот што предизвикува COVID-19 вклучува лилјаци и други диви животни во Кина и Југоисточна Азија. Исклучена беше можноста дека вирусот протекол од лабораторијата.

Во отворено писмо, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија изјавија дека истражувањето било нарушено од политиката.

– Тие сакаа да постигнат онолку компромиси колку што им беа потребни за да се постигне минимална соработка од Кина, рече Џејми Мецл од Атлантскиот совет, кој и го напиша писмото.

Во писмото се наведува и дека заклучоците од истражувањето се темелени на необјавено кинеско истражување, додека критичните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејсус минатата недела изјави дека Кина сокрила некои податоци.

Лианг Ванијан, виш кинески експерт за COVID-19, го негираше ова тврдење и се чини дека ги отфрли сите натамошни заеднички истраги во Кина, кажувајќи дека фокусот во иднина треба да се насочи кон другите земји.

Мецл смета дека светот можеби ќе мора да се врати на „планот Б“ и да спроведе истрага „на најсистематски можен начин“, и тоа без кинеско учество.

Кина ги негираше обвинувањата дека SARS-CoV-2 протекол од истражувачка лабораторија во Вухан, градот каде што првпат бил идентификуван COVID-19.

Заедничка студија на Кина и СЗО даде резултат дека е „екстремно мала веројатноста“ вирусот да излегол од лабораторија, соопштувајќи дека „нема податоци“ дека било која лабораторија чува вируси поврзани со вирусот SARS-CoV-2. Тедрос притоа додаде дека „се потребни повеќе истражувања за да се дојде до подобри заклучоци“.

Мецл истакна дека Кина треба да ги обезбеди информациите што можат да ги побијат лабораториските хипотези.

– Кина има бази на податоци за тоа кои вируси се чувале во лабораториите, рече Мецл, додавајќи дека „постојат типови на научници кои се занимаваат со таа материја, а ние немаме пристап до тие луѓе“.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе