Hubble откри 2 „игли“ во различни галактички сена

Истражувачите на космосот преку одличниот телескоп Hubble на НАСА пронајдоа не една, туку две астроигли во две различни галактички сена. Станува збор за спојувачки парови на квазари кои би можеле да откријат како се формираат галаксиите.

Со искористување на огромното богатство на информации собрани од сателитот Gaia на ЕСА и земјиниот Sloan Digital Sky Survey, истражувачите го стеснија кругот на нивната потрага по овие ретки, но екстемно сјајни двојни квазари, кои се кријат помеѓу ѕвездите низ вселената.

Квазар е екстремно сјајно јадро од галаксија, кое се храни со ненаситниот апетит од блиска супермасивна црна дупка чие бескрајно хранење испушта сноп од радијација толку сјајна, што може да засени цели галаксии како што е нашиот Млечен Пат.

„Претпоставуваме дека во далечната вселена за секои 1.000 квазари постои еден двоен квазар. Така да, да се најдат овие двојни квазари е како да најдете игла во пласт сено“, вели главниот истражувач Јуе Шен од Универзитетот во Илиноис.

Гледајќи 10 милијарди години во минатото, низ вселената, истражувачите пронајдоа пар од квазари толку блиску еден до друг што излезе дека претставуваат еден навистина насилен објект. Потоа, сосема случајно, открија уште еден пар во друг пар галаксии кои се во судир една со друга.

Ова отритие ќе го зацврсти разбирањето за точниот процес кој се крие зад овие насилни судири на ваквите масивни вселенски структури, давајќи нови погледи врз спојувањето на галаксиите и колизијата на супермасивните црни дупки.

Remote video URL

Кога квазарите, или галактичките јадра, се судираат, генерираат галактички ветрови кои го растураат преостанатиот гас од галаксиите кои се судираат, успорувајќи или целосно стопирајќи го формирањето на нови ѕвезди, но овозможувајќи да се формираат нови единечни галаксии со елипсовидна форма.

Досега само нешто над 100 вакви квазари се пронајдени, но ниту еден со старост како овие два пара. Квазарите во секој од овие нови два пара се оддалечени само 10 илјади светлосни години. Како за споредба, Сонцето е 26 илјади светлосни години оддалечено од супермасивната црна дупка која се наоѓа во центарот на Млечниот Пат.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе