Идиот во библиотека

Филип Здравески
/ 05.06.2023 / 12:51

Националната и универзитетска библиотека „Св. Кирил и Методиј“ е вистински извор на пишани богатства. Таму можете да најдете сѐ и сешто, од стари книги и сите весници што излегувале во Македонија уште одамна пред независноста. Бадијала кога има некои што не знаат да го ценат тоа.

Оштетен примерок од петок, 6 октомври 1995; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Со зачленување во библиотеката добивате пристап до целиот фонд. Некои работи смеете да ги зајмувате и да ги читате дома, но оние поретките примероци се разгледуваат на лице место. Таков е примерот со весникот Нова Македонија, чии примероци во библиотеката се зачувани уште од најпрвиот број.

Некој крајно неодговорен читател решил да си исече сѐ што му требало од едно издание на Нова Македонија од 90-тите и да си го однесе дома, оставајќи ги неколкуте примероци засекогаш оштетени.

Наидовме на оштетени примероци од месец октомври 1995 година, во спортскиот дел. Иако библиотеката нуди копирање на она што ви треба, овој идиот одлучил (веројатно) со скалпел да си исече она што му треба и да го украде.

Оштетен примерок од недела, 8 октомври 1995; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Примерокот од октомври 1995 останува засекогаш оштетен за сите наредни генерации што имаат потреба да го користат, на статиите што се наоѓаат на исечените станици повеќе не можат да се прочитаат.

Оштетен примерок од понеделник, 9 октомври 1995; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Цела среќа што во архивата на библиотеката се наоѓаат дупликат примероци од сите весници, па овие броеви постојат и во неоштетени примероци, но тие не им се достапни на граѓаните. И со право, зашто што никој не гарантира колку идиоти има...

Оштетен примерок од четврток, 12 октомври 1995 - парчето што не му требало „уредно“ го оставил; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

А ова несомнено е и уште една причина зошто и тоа како е потребна дигитализација. Македонската бибиотека е една од ретките во Европа што своите весници ги нема достапни во дигитална форма. На тој начин оригиналните примероци би се зачувале не само од вакви идиоти, туку и од распаѓање поради честа употреба, а воедно би биле многу полесно достапни за сите што имаат потреба од нив, дури и со неколку кликови од дома за одредена претплата.

Тагови
реклама

#мкфејл

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Read more

Македонските медиуми и споменикот на Волкот во Белград

Read more

Бурек економија

Read more

Шахтите во светот и кај нас

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе