Креаторите на играта Roblox oбјавија дека го надминаа лимитот од 100 милиони активни играчи месечно. Со тоа, Roblox смета дека ќе ги престигнат популарните игри Fortnite и Minecraft.
Според најновите информации, Fortnite во август мината година имала 78, 3 милиони активни играчи месечно, за што од Epic Games потврдиле дека е рекорден број. Пред неколку месеци од Microsoft добиле потврда дека популарноста на Minecraft расте и дека месечно има 91 милион играчи. Меѓутоа, според таа статистика, Roblox ги надминала и двете игри.
Roblox Corporation ја унапредуваат и ја развиваат играта од 2006. година па наваму. Во оваа игра, играчите можат да креираат свои светови, но и нови, свои игри кон кои се пристапува од службената страна.
Оној кој ќе успее да ја направи играта популарна, ќе заработи пари затоа што секој креатор добива процент од парите.
Откако оваа можност е воведена во 2015. година, медиумите пипшуваа за седумнаесетгодишниот Лиамонас Милески, во Roblox светот познат како Лорерис, кој во тој период заработил повеќе од 100.000 долари преку играта. Секако дека заработуваат најдобрите и најпопуларните. До сега во Roblox, креаторите имаат направено повеќе од 50 милиони различни игри и светови.
Сепак, бројот на активни играчи се добива од компанијата, па често објавуваат статистики и бројки какви што ним им одговараат. Пример, Blizzard и Riot Games постојано објавуваат број на активни играчи, а откако бројот им опаднал, престанале да го прават тоа. Fortnite, на пример, има 250 милиони регистрирани играчи, но тоа не ни открива колку активно играат на месечно ниво.