Илјадници Колумбијци позираа голи за мир

Повеќе од 6.000 Колумбијци позираа голи на главниот плоштад во Богота како дел од мировниот проект на фотографот Спенсер Туник. Со оглед на температурата од седум степени Целзиусови ова беше вистински храбар потег.

Желбата на луѓето што учествуваат во проектот е да пратат порака за мир во време кога во нивната земја се водат преговори меѓу властите и бунтовниците од Револуционерната армија.

„Среќни сме што сме голи, тивки и мирни. Ова е момент на мир што сите го споделуваме. Ова е момент на обединување, време за искоренување на предрасудите“ - изјави учесничката Клаудија Бариентос.

Карлос Балтран вели дека ова е голем настан со кој покажале дека сите луѓе се еднакви.

Фотографот Туник, кој е познат по ваквите фотографиии, вели дека неговата намера била да го покаже телото како убава органска целина која го трансформира владиниот простор на плоштадот.

„Чест е да се биде овде во овој момент на животни промени и се надеваме дека мировниот договор ќе биде потпишан“ - изјави тој.

Плоштадот Боливар е место на кој се наоѓаат Конгресот, Градскиот совет, Врховниот суд и главната катедрала на Колумбија. Колумбискиот конфликт почна во 1960 година, а во него досега погинале 260.000 луѓе.

 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фото

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more

Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Read more

Презентирана акционата камера Insta360 GO 3, чини од 430 евра

Read more

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе