ИРЛ: Бесплатна правна помош за граѓаните кои ќе пријават проблеми со здравствениот систем

По објавувањето на истражувачкиот документарен филм „Нечиста крв“ на Истражувачката репротерска лабораторија – ИРЛ Македонија, редакцијата на овој медиум соопшти дека граѓаните кои имале ист или сличен проблем како семејството Брезеви, започнувајќи од утре ќе добијат бесплатна правна помош од Здружението на млади правници и Хелсиншкиот комитет.

„ИРЛ, Здружението на млади правници, Хелсиншки комитет за човекови права денеска се договорија за бесплатна правна помош за граѓани кои имале проблем со здравствениот систем во земјава. Оваa соработка за помош доаѓа откако беше објавено новинарското истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ‘Нечиста крв’. По емитувањето на епизодата, до редакцијата на ИРЛ пристигнаа стотина пријави од граѓани со исто и слично искуство како семејството Брезеви од Велес. Пријавите се однесуваат на повеќе приватни и државни болници во земјава“, стои во објавата на ИРЛ Македонија.

Истражувачката репортерска лабораторија е составена од мал тим и оперира со ограничени ресурси, а со понудената правна помош од Здружението на млади правници и од Хелсиншкиот комитет сите пријави на граѓани ќе може да се обработат во побрз временски период.

Хелсиншкиот комитет и Здружението на млади правници ќе започнат да ги обработуваат и примаат пријавите од граѓани од утре (20.07.2022). Во текот на утрешниот ден ќе бидат соопштени сите детали и контакт телефони каде што граѓаните ќе може да се обратат, велат од ИРЛ.

Граѓаните ќе добијат иницијална правна помош, застапување односно помош за поднесување на кривични пријави, како и мониторинг на судски случаи.

Истражувачкиот документарен филм „Нечиста крв“ е во копродукција на ИРЛ и МРТ1 и се емитуваше во недела, 17 јули 2022 година на првиот јавен програмски сервис и на YouTube каналот на ИРЛ.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе