Искрен трејлер за „Rocky IV“
Во чест на премиерата на „Creed 2“, Screen Junkies објави брутално искрен трејлер за филмот „Rocky IV“ од 1985 година. Искрениот трејлер се враќа назад во времето кога Роки Балбоа го порази комунизмот преку бокс.
Иван Драго изговара 46 збора во целиот филм, во вид на кратки реченици како „I must break you. You will lose“ и слични на нив. Интересно е што никој не слушнал за Русинот пред Роки да боксува со него, и покрај фактот дека е олимписки шампион и победник на аматерско првенство во бокс. Но, тоа не е сè.