Исто како смартфон: Samsung го претстави вертикалниот телевизор The Sero

Социјалните мрежи и светот на интернетот имаат неверојатно големо влијание на телефонската индустрија, но нивниот ефект над светот не застанува тука. Новиот телевизор на Samsung беше претставен во вертикално издание, со што потсетува на начинот на кој обично гледаме видеа на Instagram и останатите социјални мрежи.

Вертикалниот телевизор би им овозможил на купувачите подобро да гледаат видео содржина која е снимена со мобилен телефон. Голем број луѓе снимаат вертикални видеа, па затоа и повеќето мобилни апликации почнаа да покажуваат видеа на овој начин.

Samsung викендов го претстави новиот телевизор наречен The Sero, кој веќе е на продажба во Јужна Кореја. Од компанијата велат дека тој е специјално дизајниран за помладата популација, која почесто гледа содржина на вертикалниот екран на нивните мобилни телефон. Новиот The Sero го имитира ваквиот дисплеј, превртувајќи ја нормалната телевизија на страна.

Технолошкиот гигант смета дека младите луѓе ќе бидат подобро запознати со ваквиот тип на екран, но тоа не значи дека телевизорот не може да биде свртен хоризонтално – како сите останати телевизори.

Со развојот и подемот на Snapchat, Instagram Stories и Facebook Stories, вертикалната содржина стана многу популарна. Instagram, исто како и Snapchat, веќе почна да креира оригинална содржина која се емитува вертикално, иако и понатаму најкористениот приказ за емитување на долгометражна содржина е хоризонталниот приказ.

The Sero веќе може да се нарача од Северна Кореја по цена од 12.500 фунти (околу 14.500 евра). Телевизорот ќе почне да се испорачува до купувачите веќе од крајот на мај.

реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе