Истражувањата потврдија: Кривата кула во Пиза конечно е во добра состојба

Секој што и барем еднаш ја видел Кривата кула во Пиза се запрашал кога ќе се сруши. Неодамнешните истражувања открија дека такво нешто нема да се случи во блиска иднина.

На многумина им е познат фактот дека инженерите се мачеле кулата некако да ја вратат во исправена положба и пред самиот проект да биде завршен. Во децениите и вековите кои следеле оваа искривеност станувала сѐ поизразена, а многумина потрошиле огромно време во потрага по решение како да ја исправат.

Во каква ситуација е денес?

Најновите истражувања на нејзиниот наклон и стабилност беа спроведени од тим на геотехнички инженери, а финансирани од непрофитна организација основана да ги надгледува градежните работи преземени со цел зачувување на ова историско место.

„Со оглед на тоа што се работи на градба стара 850 години со наклон од околу 5 метри и слегнување од над 3 метри, состојбата во која се наоѓа Кривата кула во Пиза е одлична“, велат инженерите.

Во земјата позната по старите споменици и архитектура, Кривата кула во Пиза не е единствената градба која внимателно се испитува поради страв од колапс. Научниците ги набљудуваат и пукнатините на глуждовите на статуата Давид од Микеланџело, во страв да не се прошират и да ја уништат една од најсовршените скулптури во светот, а ко не и најсовршената. Сепак, додека судбината на Давид сѐ уште не е осигурана, според зборовите на научниците Кривата кула во Пиза би требало да биде стабилна најмалку во наредните 300 години, а можеби и повеќе.

Иронично, истражувањата покажуваат дека истото тоа меко тло под темелите на кулата кое го предизвикало нејзиниот карактеристичен наклон всушност може да ѝ пружи одредена заштита од земјотреси преку создавање на долги и помалку деструктивни периоди со вибрации за време на потресите.

Историја на поправките

Изградбата на кулата во Пиза започнала уште во 1174 година, но уште по изградбата на првите неколку спрата на сите кои работеле на проектот им станало очигледно дека нешто не е во ред. Востановиле дека нејзините плитки темели се изградени на нестабилна подлога од кал, песок и глина која била помека на јужната страна. Штом тоа го сфатиле, инженерите се обидувале да го исправат наклонот, така што на едната страна последниот спрат го направиле повисок од останатите.

Кулата во 1890-тите

Со зголемувањето на наклонот инженерите на разни начини се обидувале да го решат проблемот. До 90-тите години на минатиот век кулата се навалувала на југ под наклон од 5,5 степени, па во тој момент и била затворена за јавноста, а италијанската влада ангажирала група на експерти кои работеле на тоа како да ја спасат и да спречат нејзино рушење.

Предводени од италијанскиот инженер од полско потекло Микеле Јамиолковски, првично ја разгледувале можноста за вбризгување цемент под темелите. Меѓутоа, на крајот дошле до заклучок дека тоа е премногу ризично и наместо тоа одлучиле да ја „усидрат“ северната страна со 900 тони тегови од олово. Кога ни тоа не успеало, ја ископале земјата под северната страна на кулата. Со текот на времето почнала полека да се подига и исправа.

Деценискиот проект за стабилизација на кулата беше завршен во 2001 година, по што кулата се исправи за околу 40 сантиметри и сега нејзиниот наклон изнесува само 4 степени.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе