Италија без Берарди на ЕУРО, ќе мора да се оперира

Најстрашните прогнози се остварија откако денеска на Доменико Берарди му беа направени прегледи по синоќешната повреда.

Напаѓачот на Сасуоло се повреди синоќа во поразот од 1:0 кој неговиот тим го претрпе на гостувањето во Верона. По 60 минути игра, мораше да го напушти теренот откако обидувајќи се да смири на гради една топка, лошо згазна и сам се повреди.

„Инструменталните прегледи извршени врз Доменико Берарди покажаа целосно кинење на Ахиловата тетива на десната нога“, се вели во соопштението на Сасуоло, во кое се додава дека операција ќе му биде направена во вторник во Болоња, а ќе го оперира д-р Стефано Ѕафањини.

URL

Несреќниот Берарди штотуку се врати од мускулна повреда поради која ги пропушти претходните 6 натпревари.

Ова значи дека сезоната за голгетерот дефинитивно е завршена, а ќе го прошути и ЕУРО 2024. Берарди беше дел од репрезентацијата на Италија која пред три години стана европски шампион. Всушност, тој беше и еден од успешните изведувачи во пенал-серијата во финалето против Англија на „Вембли“.

Повредата на Берарди е на 2:05:

Remote video URL

Берарди сезонава на 17 натпревари во Серија А постигна 9 голови и асистираше на 3.

Прогнозите велат дека на зелениот терен ќе се врати дури во октомври.

Повредата на 29-годишниот фудбалер не е само лоша вест за селекторот Лучано Спалети, туку и за неговиот Сасуоло, кој ја игра најлошата сезона од влегувањето во Серија А во 2013 година. „Неровердите“ со 20 бодови се на претпоследното место на табелата и се во серија од 4 порази по ред, или 8 без победа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе