Израел сѐ уште нема донесено одлука во врска со својот одговор на иранскиот напад со дронови и ракети врз еврејската држава, но се очекува подоцна во текот на денот.
Неименуван израелски функционер за Times of Israel изјавил дека утрово била направена проценка на ситуацијата, но не е донесена одлука.
Израелските медиуми јавуваат дека потенцијалниот одговор ќе биде разгледан на состанокот на воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху закажан за 3 часот попладне по локално време (14 часот во Македонија).