Како да знаете дали сте гладни или всушност сте само жедни?

Многу луѓе, без да бидат свесни за тоа, често посегнуваат по храна кога не се гладни, туку всушност се само жедни.

Чувствуваат дека нешто им недостига во телото, но ни самите не знаат што точно. Научниците потврдуваат дека сигналите за глад и за жед потекнуваат од истото подрачје во мозокот, па не е ни чудно што понекогаш ги мешаме.

„Ако се чувствувате ирационално, фрустрирано и брзо се нервирате, постои голема веројатност да сте гладни или во најмала рака, брзо согорувате шеќери. Многу луѓе со кои работам се гладни и раздразливи кога неколку часа немаат јадено. Покрај тоа, често ми опишуваат и други нуспојави како умор, незаситен копнеж и вртоглавици“, објаснува доктор Вил Кол.

Советува во исхраната да воведеме здрави маснотии за да му дадеме на телото поголеми количини гориво потребно за нормално функционирање. Токму тој недостиг на енергија е уште еден од знаците на глад.

Кога станува збор за препознавање на знаците на жед, еден од најчестите е главоболката, но неретко се појавува и кај чувството на глад. Ако знаете дека доволно сте јаделе, а ве боли главата, можно е на телото да му недостигаат течности или обратно.

„Всушност, многу е вообичаено да имате главоболка кога на вашето тело му треба вода. Кога сме дехидрирани, тогаш е помал и волуменот внатре во крвните жили, а протокот на крв е отежнат. Тоа предизвикува чувство на вртоглавица и главоболка“, објаснува неврологот Илен Рухој.

Кога се работи за главоболка предизвикана од глад, ниското ниво на шеќер во крвта може да значи дека мозокот не ја добива потребната енергија од храната. Овој вид главоболка има и други нуспојави како мачнина или вртоглавици. Важно е да знаете дека ако сте изеле оброк богат со јаглехидрати може да доживеете скок на шеќерот во крвта, а тоа знае да предизвика главоболка, објаснува таа.

Тагови
реклама

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more

Нови докази го поместуваат потеклото на Македонското Кралство во 575 година п.н.е.

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Како новиот електричен Citroën ќе чини само 7.990 евра?

Read more

Живот

Христијаните во Европа се намалуваат, атеистите имаат најголем пораст

Read more

Какво овошје можат да јадат мачките и на што да се внимава?

Read more

Трка под ноќното сонце, гастрономија, традиција: Зошто вреди да се посети Оулу?

Read more

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Десерт на денот: Планински специјалитет од тесто и џем

Читај повеќе

Христијаните во Европа се намалуваат, атеистите имаат најголем пораст

Читај повеќе

Какво овошје можат да јадат мачките и на што да се внимава?

Читај повеќе

Што се анаеробни вежби и како влијаат на телото?

Читај повеќе
  • filter

Трка под ноќното сонце, гастрономија, традиција: Зошто вреди да се посети Оулу?

Читај повеќе

Зошто треба да јадете храна богата со омега-3 во зима?

Читај повеќе

Марс во Водолија им носи среќа на 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Што е подобро да се напиете наутро: Кафе или мача?

Читај повеќе

Вкус што враќа во детството: Направете плазма торта од 3 состојки

Читај повеќе