СООПШТЕН ПАКЕТОТ ПОМОШ ЗА ГРАЃАНИТЕ И СТОПАНСТВОТО

Како државата им предлага на Германците да ја преживеат зимава?

По договорот на претставниците на сојузните власти и федералните единици, познати се деталите за пакетот помош за граѓаните и стопанството.

Како што јави јавниот ТВ-сервис ARD, вградена е „кочница“ во механизмот за формирање на цените на гасот и струјата за потрошувачите, месечен билет ќе чини 49 евра, а повеќе ќе се инвестира во сместување на бегалците, пишува Deutsche Welle.

Планирано е цената на гасот да биде „заклучена“ на почетокот на март 2023. За 80 отсто од потрошувачката на гас во однос на претходната година цената ќе биде фиксна - 12 центи за киловат-час, а за греење 9,5 центи . Единица мерка е проекцијата на трошење за една година врз основа на трошењето во септември 2022 година. Федералните власти очигледно реагираа на критиките кон провинциите, за кои почетокот на оваа „кочница“ планирана за март доаѓа предоцна, па Договорот вели дека ќе се направат напори мерките да важат од почетокот на февруари.

За големите индустриски постројки од јануари ќе важи посебна цена на гасот. За 25.000 најголеми индустриски потрошувачи на гас државата од 2021 година ќе субвенционира цена од 70 отсто од потрошувачката.

Субвенциите за струја од јануари 2023 година

Субвенциите за струја треба да важат од јануари. Домаќинствата и помалите бизниси ќе имаат бруто цена од 40 центи за киловат-час, а тоа важи за 80 отсто од тековната потрошувачка. 13 центи како загарантирана нето цена за киловат-час се планирани и за индустриските капацитети, а субвенционираната сума нема да надмине 70% од потрошувачката во 2021 година.

Парите за овие мерки ќе се преземат од Фондот за економска стабилизација, за што се издвоени 200 милијарди евра. Предвидено е да се создаде посебен фонд за малите и средни компании и граѓаните кои нема да бидат доволно растоварени со овие мерки. Од болници, преку културни установи до компании од секторот за грижа за стари лица, во овој фонд ќе бидат вклучени голем број институции, но пари од него ќе има и за станови и куќи во сопственост на граѓани каде што набавката на енергетски производи води до „премногу оптоварување“.

Субвенциониран месечен билет

Популарниот месечен билет од 9 евра од 1 јануари ќе го наследи субвенциониран билет од 49 евра. Сојузната држава презема трошоци во износ од 1,5 милијарди евра.

Тројно ќе се зголеми и бројот на лица кои ќе имаат право да ја субвенционираат месечната станарина од 1 јануари. Во иднина субвенциите ќе важат за два милиони домаќинства, а вкупниот износ на субвенции ќе се зголеми од 1,4 милијарди на 5,1 милијарди евра. Иако покраините побараа федералната држава да преземе поголем дел од субвенциите, во договорот се вели дека покраините и државата ќе плаќаат половина од нив, како и досега.

Зголемена помош за сместување бегалци

Околу еден милион украински граѓани побегнаа во Германија, а расте и бројот на политички азиланти од други земји. Општинските и покраинските ресурси се при крај. Државата за бегалците од Украина ќе одвои дополнителни една и пол милијарда евра, а истата дополнителна сума ќе биде наменета за следната година, додека за бегалците од сите други земји ќе бидат доделени 1,25 милијарди.

Опозицијата и општините ги критикуваат мерките

Со оглед на тоа што субвенционираната цена на гасот ќе важи од март, а потоа ќе се исплати за февруари, демохристијанската опозиција тврди дека мерките се донесени предоцна. Претставникот на демохристијанската група во Бундестагот, Торстен Фреј изјави дека граѓаните ќе го платат „владиното двоумење“ со „голема загуба на благосостојбата“ и дека многу компании ќе бидат „загрозени од неликвидност“.

Од друга страна, пак, претставниците на владејачката коалиција го бранат пакетот мерки, тврдејќи дека врз основа на нив добро ќе ја пребродат зимата. Саскија Ескен, шеф на германските социјалдемократи, рече дека договорот им покажува на граѓаните дека „никого не оставаме сам“. Шефот на Зелените Рикарда Ланг рече: „На милиони луѓе во оваа земја ќе им се помогне брзо, чувствително и небирократски“.

Дитмар Барч, шеф на опозицискиот клуб Левица во Бундестагот, рече дека е разочаран од резултатите од договорот, но пред се од месечниот билет што ќе го замени билетот од девет евра, бидејќи „многу луѓе со ниски примања нема да може да си го дозволиме новиот билет од 49 евра“. Тој има идеја да воведе годишен билет од 365 евра.

И левицата и демохристијаните бараат поголеми инвестиции во транспортната инфраструктура.

Претседателот на германското собрание на градови Маркус Леве ги критикуваше мерките како недоволни, тврдејќи дека месечен билет по оваа цена ќе доведе до намалување на бројот на возења. Германските железници, пак, го поздравија воведувањето на ваков билет.

Критиките за обемот на финансиски средства планирани од федералната влада за бегалците доаѓаат главно од општинско ниво. Затоа се зголемени очекувањата од покраинските буџети. Покрај тоа, според Рајнхард Сагер, претседателот на германското окружно собрание, помошта што ја ветила сојузната држава се испраќа преку покраинско ниво, па според него, покраинските власти би морале да ги префрлат средствата на општините штом можно.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе