Како ЕУ ќе живее во корона-иднината: Парите или здравјето на прво место?

Преговорите на ЕУ лидерите за постигнување договор како да се оформи фонд за пост-корона опоравување се одолговлекоа веќе четврти ден.

Главната поделба е меѓу земјитечленки кои се најтешко погодени од кризата со COVID-19, како Италија и Шпанија, и некои членки кои бараат да се ограничи големината на фондот и да има поголема контрола врз тоа како се троши.

Натегањето е дека предложениот пакет од 750 милијарди евра е премногу голем и дека треба да се реализира со заеми, а не со грантови. Преговорите наводно биле многу жестоки и на моменти имало навистина големи изливи на темперамент.

Во раните утрински часови денеска францускиот претседател Емануел Макрон наводно си ја треснал главата од маса и се заканил дека ќе се повлече од дискусијата.

Холандскиот премиер Марк Руте призна дека лидерите се „на работ на неуспех“ и дека можно е преговорите „да пропаднат“.

Ова е најдолгиот ЕУ самит после оној од 2000 година во Ница, кој траеше пет дена. Но, сега ова не е само економска дилема – сега се директно засегнати животите на граѓаните на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ги потсети лидерите дека повеќе од 600.000 луѓе починаа од вирусот ширум светот и додаде деа се надева дека насловите во медиумите утре ќе бидат дека „ЕУ завршила невозможна мисија“.

Утрово, бројот на регистрирани случаи на COVID-19 во светот изнесуваше речиси 14,5 милиони.

Каде е пречката?

ЕУ лидерите се обидуваат да преговараат за пакетот помош за опоравување од пандемијата во исто време кога се решава и за седумгодишниот буџет на блокот „тежок“ 1 илјада милијарди долари.

Ова е прва средба лице в лице на лидерите откако владите ширум Европа почнаа да воведуваат карантини и да ги затвораат границите за да се спречи ширењето на кооронавирусот.

Поделбата меѓу земјите членки е главно на оние кои се најтешко погодени во пандемијата и одвај чекаат да си ги живнат стопанствата и оние кои се повеќе загрижени околу цената на заедничкиот пакет помош.

Самопрогласената „штедлива четворка“ (Шведска, Данска, Австрија и Холандија) заедно со Финска, се непоколебливи во одбивањето да дозволат понудување на 500 милијарди евра во форма на грантови за земјите кои се најтешко погодени од последиците од COVID-19.

Предводени од Руте, тие сега велат дека ќе дозволат најмногу 375 милијарди евра, но исто така условуваат дека го задржуваат правото да блокираат барања. Другите, вклучувајќи ги Шпанија и Италија, одбиваат сумата да биде помала од 400 милијарди долари.

Италија конкретно беше една од првите земји во Европа каде стигна епидемијата, а со тоа и кризата. Таму се реистрирани 35.000 смртни случаи, што е еден од највисоките смртни биланси во светот. Италијанскиот премиер Џузепе Конти вели дека Европа е „под уцена на ‘штедливите’“ и додаде дека преговорите се „жестоки“.

Новиот предлог што се разгледува во моментов, откако во 14 часот лидерите се вратија на преговарање, е 390 милијарди долари. Австрискиот канцелар во меѓувреме преку Twitter соопшти дека има знаци на напредок.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини Руте дека ваквиот став е „лична одмазда“ и дека се обидува да ја поврзе финансиската помош со политички прашања. Орбан и неговиот сојузник Полска се заканија дека ќе стават вето на пакетот ако биде усвоена полиса за оневозможување помош за земји кои не исполнуваат одредени демократски принципи.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека „има начин како да се реши ситуацијата“, но дека е можно и да не биде постигнат договор.

Меркел рече дека уште не може да каже дали постигнале договорт.

„Има многу добра волја, но и многу различни ставови.“

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе