СЕРИЈА А 2022/2023

Како ќе заврши најголемиот скандал сезонава? Јуве се надева на казна од 9 бода

На Јувентус неодамна привремено му ги вратија одземените 15 бодови поради казната за финансиските малверзации, но во торинскиот клуб се свесни дека сепак нема да поминат неказнето.

Судот при Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) во првичната пресуда од февруари го казни Јувентус со одземање на 15 бодови.

Во меѓувреме, тие бодови му беа вратени откако беше прифатена жалбата и постапката се врати на повторно одлучување.

Сепак, се очекува Јувентус да не мине неказнето, а постојат нијанси кои се многу важни за раководството на најтрофејниот калчолигаш.

URL

Во Јуве се надеваат дека ќе бидат казнети со одземање на 9 бодови, што е практично казната која првично се споменуваше како најреална и која во првичната постапка ја побара обвинителот од ФИГЦ.

Меѓутоа, таа казна за клубот не е добра бидејќи на тој начин нема да ја исполни натпреварувачката цел - пласман во европските купови. Со 9 одземени бодови тимот во моментов би паднал на 8. место и со 57 бодови би заостанувал 4 бода зад местото што води во Лига Европа и 6 зад она во Лигата на шампионите.

Поради тоа торинскиот клуб ќе се обиде да издејствува што помала казна, но и ќе направи сѐ за таа казна да важи за наредната сезона 2023/2024, а не за тековната. Доколку овие желби на „Старата дама“ се исполнат, тогаш тимот наредната сезона веројатно би играл во Европа, освен доколку не интервенира и УЕФА која бара Јуве да плати за гревовите со неиграње во европските купови.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе