Како Конан О’Брајан го исмеа српскиот олимписки тим во кошарка?
Кошаркарската репрезентација на САД го освои третото олимписко злато во низа, откако во неделата убедливо ја порази Србија (96-66).
Американската јавност со гордост ја испрати доминацијата на кошаркарите, а познатиот водител Конан О’Брајан, на почетокот на своето шоу им покажа на гледачите како американските кошаркари си поигрувале со Србија. Откако на гледачите им објасни дека поради авторските права не може да пушти снимка од финалниот меч, во игра „два на два“ во студиото повика двјца млади луѓе облечени во дресови на САД и две дечиња кои ја преставуваа Србија.