Како Косово ќе го реши проблемот на Данска со преполните затвори?

Косовскиот парламент вчера го одобри предлог-законот за издавање на дел од затворскиот простор на Данска.

Одлуката доаѓа откако беше постигнат договор за обезбедување помош на скандинавската земја, која се соочува со пренатрупан затворски систем.

Според договорот потпишан пред две години, данските власти ќе испраќаат странци осудени во Данска на отслужување на казната во Косово. Договорот не се однесува на данските граѓани, затворениците осудени за тероризам или воени злосторства и ментално болни затвореници.

Косовските пратеници го поддржаа законот со 86 гласа, додека седум пратеници беа против, пишува Associated Press. Законот вели дека Данска ќе добие 300 ќелии во затворот во градот Гњилан, јужно од Приштина, за 10 години користење. Законот допрва треба да го потпише претседателот на Косово.

Затворениците треба да ги имаат истите услови

Сè уште не е јасно кога Данска, која се согласи да му плати на Косово 210 милиони евра за користење на затворскиот простор, ќе почне да испраќа осуденици на Косово.

Договорот предвидува осудените лица испратени на Косово да ја отслужуваат казната под исти услови како и во затворот во Данска, во согласност со меѓународните обврски на Данска.

Договорот предвидува и можност за депортирање на странци директно во нивните матични земји по завршувањето на нивната казна во Косово. Косовските власти најавија дека парите од Данска ќе ги потрошат за подобрување на затворските институции.

Данскиот министер за правда Питер Хумелгард резултатите од вчерашното гласање ги нарече „навистина добри вести“. Тој верува дека испраќањето осуденици на Косово „ќе помогне да се врати во рамнотежа тешко притиснатиот дански затворски систем“.

„Истовремено, тоа испраќа јасен сигнал до странските криминалци дека нивната иднина не е во Данска и затоа тие не треба ни да ја отслужуваат казната таму“, истакна Хумелгард.

Дански администратор ќе раководи со објектот во Косово, потпомогнат од локалниот затворски персонал. Инаку, косовскиот затворски систем има капацитет да смести до 2.800 затвореници.

Тагови
реклама

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

Свет

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Read more

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Read more

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Read more
 

Вести

  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе