УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2022/2023

Како Лига на шампиони: Барса и Јунајтед ја отвораат Лига Европа

Денеска започнува нокаут фазата во Лига Европа, а без сомнение најинтересниот дуел нѐ очекува на стадионот „Камп Ноу“ каде Барселона ќе го пречека Манчестер Јунајтед.

Во минатото шпанскиот и англискиот гигант ги играа своите дуели во Лигата на шампионите, но сега времињата се сменија и тие се борат за вториот најважен европски фудбалски трофеј.

Барселона е фаворит во вечерашниот осминафинален натпревар кој започнува во 18 часот и 45 минути, а тренерот Чави може да смета на сите играчи освен на Серхио Бускетс и на Усман Дембеле.

Од друга страна, Ерик тен Хаг има многу проблеми со повреди и суспензии поради картони. Четворица играчи се повредени, а Лисандро Мартинес и Марсел Сабитцер кои ги пренесоа заработените картони од Баерн се суспендирани, па гостите ќе имаат многу проблеми да го состават тимот.

Досега Барса и Манчестер Јунајтед се имаат сретнато 10 пати на официјални натпревари, сите во Лигата на шампионите. Барселона има 5 победи, Манчестер само 1, а 4 пати ремизирале. Прв пат играле во 1994 година, а последен пат во 2019.

УЕФА довербата овој натпревар да го суди му ја додели на Италијанецот Маурицио Мариани, кому ќе му помагаат сонародниците Даниеле Биндони и Алберто Тегони, а четврти судија е Симоне Соѕа. ВАР собата ќе ја предводи Масимилиано Ирати, а ќе му асистира Србинот Дејан Филиповиќ.

Ерик Тен Хаг: „Мислам дека Барса исто така е тежок клуб за водење, но мислам дека тие го играат својот најдобар фудбал веќе неколку години - се гледа влијанието на Кројф овде. Добро се бранат, но мислам дека нивната најголема вештина е што имаат толку многу посед. Да го цитирам Јохан Кројф: 'Кога ја имате топката, противникот не може да постигне гол'“.

Чави Ернандес: „Верувам дека Тен Хег сигурно го промени овој тим. Му беше тешко на почетокот, но сега работи одлично. Тие се моќен тим со физичка сила, имаат многу оружја и ќе биде тешко. Очекувам многу интензитет, многу ритам, тоа е она што го очекувате од англиските екипи. Ова е европско натпреварување и сакаме да покажеме дека можеме да играме на највисоко ниво“.

Од останатите дуели, Рома на Жозе Мурињо патува кај Салцбург, а Јувентус обидот да ја спаси сезоната ќе го почне против француски Нант.

Распоред:

18:45
Ајакс - Унион Берлин
Барселона - Манчестер Јунајтед
Салцбург - Рома
Шахтар - Рен

21:00
Баер Леверкузен - Монако
Јувентус - Нант
Севиља - ПСВ
Спортинг - Митјиланд

Реваншите ќе се играат наредниот четврток, на 23 февруари.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе