Како мирисале богатите од древниот Рим?

Врз основа на остатоци пронајдени во мало шишенце старо околу две илјади години, научници успеале да реконструираат рецепт по кој древните Римјани правеле парфеми.

Откриената гробница во Кармона

При изградба на базен во градот Кармона во Шпанија во 2019 година, сосема случајно и ненадејно бил откриен влез во подземна просторија. Се покажало дека станува збор за римска гробница од I век од новата ера, а археологот Хуан Мануел Роман од Универзитетот „Пабло де Олавиде“ во Севиља бил првиот што ја испитал просторијата, која речиси 2.000 години стоела недопрена.

Покрај човечки и разни други останки, тој открил и мало шишенце од горски кристал (најпознат вид на кварц) во кое имало стврдната состојка со непозната содржина. Заинтригиран, решил подетално да го испита ова ретко откритие. Испаднало дека е парфем, а за да ги направи работите поинтересни - тимот успеал и да го реконструира рецептот и да ја открие главната мирисна нота.

URL
Богатите Римјани сакале пачули

Сè што досега знаеле научниците за парфемите на старите Римјани доаѓало од пишани извори, што е извор на информации кои често знаат да бидат кратки и нецелосни. Сепак, од нив се добиени некои основни информации, како на пример дека се направени од различни масла - но не и од алкохол. Меѓутоа, новото истражување покажа дека во испитаниот материјал се присутни двете компоненти.

Откривањето на сесквитерпени во масата јасно укажува дека парфемот содржел есенцијално масло, додека понатамошните истражувања покажале дека е добиен од растението Pogostemon Cablin, односно од индискиот пачули. Мирисот веројатно го носел некој од членовите на семејството закопани во гробницата. Материјалот од кој е направен малиот сад за парфем им помогнал на научниците да претпостават дека семејството е богато - бидејќи горскиот кристал во тоа време се сметал за луксузен материјал.

Од древниот Египет, преку античка Хелада, парфемот го нашол својот пат до Римјаните. Записите за тоа како Римјаните користеле миризливи води и тинктури датираат од II век п.н.е., а според Роман и неговите колеги, ова откритие укажува дека тие користеле парфеми не само во секојдневниот живот, туку и во посебни прилики како што се погреби.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Heritage.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе