Како „слеп“ робот успешно се движи по скали?

Веќе не е невообичаено да гледаме четириножни роботи со компјутерски вид да се движат по скали, но водењето „слеп“ двоножен робот е сосема поинаков предизвик.

Сега, истражувачите од Државниот универзитет во Орегон постигнаа подвиг со двоножниот робот Cassie  на компанијата Agility Robotics, кого го тренираат во симулатор.

Зошто би сакале слеп робот да се движи по скали? Како што истакнуваат истражувачите, роботите не можат секогаш да се потпрат целосно на камери или други сензори поради можна слаба осветленост, магла и други проблеми. Идеално, тие исто така би користеле „проприоцепција“ (свесност за телото) за да се движат во непозната средина.

Remote video URL

Истражувачите користеа техника на симулатор наречена Reinforcement Learning за да утврдат како ќе оди роботот. Тие забележаа дека „обуката за двоножните роботи ќе вклучува многу падови, особено на почетокот на обуката“, па симулаторот им овозможи да го направат тоа без да го скршат роботот. Тие го научија роботот практично да се снаоѓа во бројни ситуации, вклучувајќи скалила и рамно тло.

Истражувачите го водеа роботот околу универзитетскиот кампус да проверат како ќе се снајде по скали и на различни видови терени. Тој се покажа како доар ученик, фаќајќи се во костец со рабници, камења и други нерамни терени што ги немаше видено порано. На скали, истражувачите направија 10 обиди за искачување и 10 за симнување, и ги обработија оние со 80 или 100 процентна ефикасност.

Remote video URL

Имаше неколку забелешки на првите тестови, бидејќи роботот мораше да работи со стандардна брзина - имаше тенденција да се стркала ако влезеше премногу брзо или премногу бавно. Исто така е многу зависен од меморискиот механизам, поради предизвикот за навигација во непозната средина кога не гледа. Истражувачите планираат идни тестови за да утврдат дали ефикасноста се подобрува со додавање на компјутерски вид. Сè на сè, „ова дело покажа изненадувачки способности за движење на слепо и го остава отворено прашањето каде се границите“, напишаа научниците.

URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе