Какви новитети ќе донесе iOS 15?

Apple ќе ја одржи годишната конференција за програмери WWDC.

Еднонеделниот настан им овозможува на независните програмери да научат многу работи за најновите функции уште пред да излезат за јавноста, за да можат да ги ажурираат сите апликации или додатоци. Apple го лансираше WWDC со воведна презентација каде открива некои од највозбудливите нови додатоци за iOS, iPadOS, macOS, watchOS и повеќе.

Apple исто така ќе ја искористи презентацијата за да го претстави новиот хардвер, а некои познавачи навестија можна најава за MacBook Pro за време на главната презентација денеска, 7 јуни 2021 година. Но, ако не ве интересираат новите уреди, загарантирано е дека подоцна годинава за прв пат ќе го погледнеме iOS 15 - оперативниот систем на кој ќе работат стотици милиони iPhone телефони. Лани iOS 14 за првпат донесе видливи виџети на почетниот екран.

Годинава најавен е новиот изглед на апликациите Music и Podcast, како и поинаква поддршка за видеоповици „слика во слика“, за да можете да извршувате повеќе задачи додека зборувате.

Компанијата од Калифорнија прилично добро успеа да ги сочува сите гласини за своето следно ажурирање на iPhone пред WWDC 2021, што ќе се емитува онлајн поради тековната глобална корона-криза.

Сепак, сигурни извори открија неколку детали за тоа што да очекуваме од следната верзија на iOS.

Remote video URL
Екран

Според новинарот на Bloomberg, Марк Гурман, кој досега погоди сѐ кога станува збор за откривање детали за хардверските и софтверските планови на Apple, iOS 15 ќе донесе нов слој боја на заклучениот екран.

Иако iOS 14 целосно го смени изгледот на почетниот екран, екранот за заклучување - што сопствениците на iPhone го гледаат секогаш кога ќе го „разбудат“ екранот - остана непроменет.

Контролен центар

Се зборува и за промена на Контролниот центар - мени за кратенки со кои може лесно да се пристапи до некои од најчестите поставки на вашиот iPhone. До ова се пристапува со лизгање од горниот десен агол на екранот на iPhone со Face ID или со повлекување одоздола ако користите постар модел.

Според веродостојни информации, Apple веројатно ќе позајми некои новини воведени минатата година со macOS Big Sur, кој пристигна со верзијата на Control Center - прва за десктоп оперативниот систем, на iPhone.

За iOS 15 се планира покомпактна естетика, како и можност за drag&drop контроли за да одговараат на вашите потреби – што им е достапно на сопствениците на Mac.

Нутриционист

Вградената апликација Health на Apple е веќе доста сеопфатна, со можност за поврзување со широк спектар на фитнес и здравствени уреди за складирање на податоци за срцевиот ритам, телесната тежина, БМИ, моделите на спиење, менструалниот циклус и многу повеќе. Сепак, една област каде што заостанува зад конкурентите како MiFitnessPal е можноста да се следи внесувањето храна и калории.

Марк Гурман тврди дека сето ова ќе се промени со iOS 15. Apple, наводно, ќе додаде можност за евидентирање оброци и калории во апликацијата Health - за да можете да ги проверите нутритивните детали и внесот на калории, како и дневните тренинзи, потрошени калории и многу повеќе. Не е познато дали корисниците ќе можат рачно да ги внесуваат сите информации или дали Apple ќе обезбеди база на податоци за храна и ќе понуди скенирање на баркодови, како некои веќе конкурентни услуги што се веќе достапни на iOS.

iMessage

Конечно, се очекува дека iMessage – функција за размена на пораки со сини облачиња што се наоѓа на сите уреди на Apple - ќе го привлече вниманието и на инженерите на Apple. Иако нема инфо за тоа што точно можеме да очекуваме, Apple ќе сака платформата за пораки да биде во чекор со некои од нејзините најблиски конкуренти, вклучувајќи ги WhattsApp, Messenger, Telegram и Signal.

Apple обично ја лансира својата нова верзија на iOS во септември, така што би очекувале компанијата од Калифорнија да се придржува до тој временски период и годинава.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе