Легендарниот италијански фудбалски тренер Фабио Капело синоќа на доделувањето на наградата Лауреус зборуваше за најдобрите фудбалери на сите времиња и денес.
„Ламине Јамал од Барселона е многу интересен играч, но тој нема да биде гениј како Меси, Пеле и Марадона. Тие беа генијалци. Кристијано Роналдо е одличен, освои многу трофеи, Златна топка, но не е величествен како Меси. Не е генијалец. Кога сме кај генијалците, заборавив уште еден кој може да го наречеме така: Роналдо ‘Ил Феномено’“, рече Капело.
Италијанскиот стручњак се осврна и на игрите на асот на Реал, Џуд Белингам.
„Тој ме изненади оваа сезона, не очекував Англичанец толку брзо да има толку големо влијание врз Реал Мадрид“, изјави Капело, кој се осврна и на Килјан Мбапе.
„Тој е уникатен играч, може да направи разлика во секунда и тешко е да се запре.
Да потсетиме, Капело беше многу успешен како тренер кој го предводеше Милан, со кој беше шампион на Европа и повеќекратен шампион на Италија. Со Реал освои две шампионски титули на Шпанија, а на Рома ѝ го донесе и шампионскиот трофеј во 2001 година.