ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Кејн и Сон срушија премиерлигашки рекорд за асистенции

Неверојатното напаѓачко дуо на Тотенхем скрши рекорд стар повеќе од 25 години.

Хари Кејн и Сон Хјон-мин сега и официјално се најдоброто напаѓачко дуо во една сезона во Премиер лигата.

Дуото на Тотенхем си асистирале еден на друг вкупно 14 пати, рушејќи го претходниот рекорд поставен од страна на напаѓачкиот тандем на Блекбурн во сезоната 1994/95 со Алан Ширер и Крис Сатон.

Единствените двајца кои во новиов милениум стигнаа блиску до овој рекорд беа Рајан Фрејзер и Калум Вилсон кои играјќи за Борнмут забележаа вкупно 12 асистенции во сезоната 2018/19.

Кејн и Сон го престигнаа овој рекорд синоќа кога во 4:1 победата над Кристал Палас додадоа една асистенција. Прво Кејн на двапати му асистираше на Гарет Бејл за првите два гола, третиот беше негов ефектен гол, а историјата се испиша со последниот во 76-тата минута кога Сон му намести на Кејн, а овој го постигна својот 16-ти гол сезонава.

Со оглед на тоа што Тотенхем има уште 11 натпревари за играње сезонава, за очекување е Англичанецот и Кореанецот да го подобрат овој рекорд, за во иднина да биде тешко достиглив.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе