БУНДЕСЛИГА 2023/2024

Кејн со гол и асистенција се претстави во Бундеслигата

Не погоди во Суперкупот на Германија, но тоа му успеа во првото коло од Бундеслигата. Баерн славеше на гости во Бремен против Вердер со 4:0, а најголемото засилување за оваа сезона, Хари Кејн, постигна гол и асистираше.

Квалитетот не беше доведен во прашање, сите знаат за каков играч се работи, но само се чекаше неодамнешниот напаѓач на Тотенхем за првпат да ја затресе мрежата во дресот на баварскиот клуб. Прво беше во улога на асистент во 4. минута, кога Лирој Сане одлично се снајде и погоди за водство на гостите.

На вториот гол требаше да чекаме до 74. минута, кога и се случи првиот гол на Кејн. Канаѓанецот Алфонсо Дејвис го проигра англискиот центарфор, кој беше доволно фокусиран и прецизен за 2:0.

URL

Десет минути подоцна Кејн се пожали на грч во потколеницата, а Томас Тухел почувствува дека нема потреба да ризикува, па наместо Хари на теренот влезе Камерунецот Ерик Шупо-Мотинг.

Лирој Сане погоди за 3:0 во последната минута пред судиското надополнување, по проигрувањето од Томас Милер, додека французинот Матис Тел го постави конечниот резултат во 90+4.

Remote video URL

Бундеслига, 1. коло:

синоќа:

Вердер - Баерн 0:4
4', 90' Лирој Сане, 74' Кејн, 90'+4 Тел

сабота:

Баер Леверкузен - Лајпциг (15:30 ч.)
Волфсбург - Хајденхајм (15:30 ч.)
Хофенхајм - Фрајбург (15:30 ч.)
Штутгарт - Бохум (15:30 ч.)
Аугсбург - Борусија Менхенгладбах (15:30 ч.)
Борусија Дортмунд - Келн (18:30 ч.)

недела:

Унион Берлин - Мајнц (15:30 ч.)
Ајнтрахт - Дармштад (17:30 ч.)

реклама

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Фудбал

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Read more

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Read more

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Read more

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Read more
 

Спорт

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет ирански фудбалерки со драматично бегство се спасија од режимот

Читај повеќе

Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Читај повеќе

Чави откри кој ставил вето на враќањето на Меси во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ постигна 35 поени во победата на Лејкерс, Букер блескаше во триумфот на Санс

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовна тепачка во бразилското финале: Судијата подели 23 црвени картони

Читај повеќе

Зошто Бекам не отиде со Интер Мајами кај Трамп?

Читај повеќе
  • play_arrow

Арда Ѓулер одби да се поздрави со тренерот на Реал откако го замени

Читај повеќе