Познатиот американски кошаркар и НБА ѕвезда, Кевин Дурент, стана дел од игрицата „Call of Duty“.
Дурент е најновата славна личност што се појави во игрицата „Call of Duty“, вклучувајќи ги нејзините игри со повеќе играчи „Modern Warfare 2“, „Warzone 2.0“ и „Call of Duty Mobile“.
Покрај Дурент, кој ќе може да се избира во игрицата, гејмерите ќе имаат на располагање и две нови оружја, нова мапа за „6 против 6“, а пристигнаа и одредени подобрувања.
Она што треба да се напомене е дека Дурент ќе биде достапен во игрицата почнувајќи од 12 мај, но на ограничено време. Краткиот трејлер ја прикажува НБА ѕвездата како користи возила, пука во непријатели и фрла граната во кош.
Исто така, може да се забележат две нови оружја, снајперската пушка FJX Imperium и Kastov-74U во бои кои одговараат на кожата на Дурент.
Љубителите на игрицата „Call of Duty“ во наредниот период може да очекуваат пристигнување на повеќе познати личности во „Call of Duty: Warzone“ и „Modern Warfare 2“.