Хакирани Facebook профилите на украинската армија, војниците повикани да се предадат

Хакери упаднаа во воените Facebook профили на Украина во обид да ги принудат војниците да се предадат, објави компанијата Meta, во чија сопственост е Facebook.

Нападнати се профилите на украинскиот воен персонал, се наведува во најновиот безбедносен извештај на компанијата.

Безбедносни експерти изјавија дека таквите напади ги извршило лице или група луѓе кои ги нарекат Ghostwriter, пишува Independent. Во извештајот од февруари, Meta веќе ги спомна активностите на Ghostwriter, но сега велат дека оттогаш се извршени нови напади.

Хакерите прво ја компромитираат е-поштата, а потоа ги користат мејловите за да се логираат на профилите на социјалната мрежа. Кога хакерите влегле во профилите, објавувале видеа во кои ја повикуваат украинската армија да се предаде, а изгледало како легитимните сопственици на профилите да ги објавуваат.

Independent наведува дека таквите напади се само дел од криминалните активности насочени кон Украина. На Facebook тие забележаа дека некои „финансиски мотивирани актери“ ја користат кризата за да отворат лажни профили и користат други тактики за да профитираат од интересот за вестите од Украина.

Тие ги насочуваат корисниците на други веб-страници или им продаваат лажни производи. Meta соопшти дека хакерите доведоа до безбедносни грижи во другите делови на светот, вклучително и Азербејџан, Јужна Америка, Филипини и Иран. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе