Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, ја пропушти трката во Бахреин бидејќи беше заразен со коронавирус. Тој се врати во Абу Даби и заврши на третото место, зад колегите Валтери Ботас и Макс Верстапен.

„Уништен сум, не се чувствувам добро. Но, среќен сум и благодарен бидејќи сум жив. Животот е секојдневна борба. COVID-19 не е шега, никогаш не помислив дека е. Знаев во еден момент дека ќе стане тешко бидејќи има луѓе кои умираат. Знаев дека е сериозна ситуацијата. Мислам дека е многу чудно што гледаме како светските лидери се смеат како да е ништо. Морав психички да бидам на ниво во текот на целата сезона за да можам да се вратам на трките и успеав во тоа. Кога се има волја, се има и начини“, изјави Хамилтон.
Во последната Ф1 трка за сезоната , на Големата награда на Абу Даби, победата ја прослави Макс Верстапен од Red Bull.
Верстапен за д себе ги остави Валтери Ботас и Луис Хамилтон, а одлични резултати исто така остварија и Ландо Норис и Карло Саинз.