Харадинај: Приштина ќе одговори на евентуално прогласување автономија на Србите во Северно Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска по седницата на косовскиот Совет за национална безбедност ги предупреди Србите од Северно Косово дека Приштина ќе одговори на нивниот можен обид за прогласување на автономија.

- Никој нема право да превзема унилатерални акции, изјави Харадинај на конференција за печатот, додавајќи дека нема да се толерира кршењето на косовските закони.

Харадинај најави и дека работната група утре ќе може да го поднесе извештајот за нацртот на статутот на Заедницата на српски општини.

Според него, досега се чекало на исполнување на таа обврска од договорот од Брисел, со цел властите во Приштина да бидат „сигурни дека статутот на ЗСО е во рамките со косовските закони“.

Како што јави Танјуг, медиумите во Приштина наведуваат дека причина за одржувањето на денешната седница на Совет за национална безбедност се наводните информации дека Србите во Северно Косово утре ќе прогласат автономија, поради неформирањето на ЗСО од страна на Приштина.

- Ако некој излезе од косовските закони и договори, законот ќе работи, нема дилема, ќе го добие својот одговор. Тоа се однесува и за Северно Косово. Секогаш сме го поздравиле пристигнувањето на секој граѓанин на светот во кој било дел од Косово, а секој што влегува на територијата на Косово, со цел на нарушување на јавниот ред и мир, ќе добие одговор во согласност со законот, изјави Харадинај.

реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Регион

Албанија усвои закон за родова рамноправност

Read more

Вучиќ: Мојот мандат наскоро ќе заврши и ќе дојде некој пошармантен од мене

Read more

По убиството на Алеш Шутар, Словенија ги зголемува овластувањата на полицијата

Read more

Девојка нападна полицаец со нож во Белград, тој ја застрела во нога

Read more
 

Вести

ЕК го заострува издавањето визи за руските граѓани

Читај повеќе

Путин не му се лути на Лавров бидејќи потфрли со Трамп

Читај повеќе

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Читај повеќе

За мито од 50.000 евра директор дал финансиска помош од ИПАРД програмата

Читај повеќе

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар

Читај повеќе

Од Зелениково до Центар за 25 минути со градски воз?

Читај повеќе

7 ноември 1829, роден е Марко Цепенков

Читај повеќе

Силјановска-Давкова прифати да биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Втор саем на еколошки бизниси во рамки на Skopje Design Week 2025

Читај повеќе